Во академската 2021/2022 година странските студенти придонеле 14 милиони евра во даноци во Естонија. Странските дипломци платиле вкупно 8 милиони евра даноци таа академска година.
Вкупната сума од 22,4 милиони евра е зголемување во споредба со 14 милиони евра кои биле придонесени претходната академска година. Според анализа од статистичката агенција на земјата, странските студенти платиле 4,6 милиони долари во даноци од приходи. Студентите што дипломирале во 2020/2021 година и останале да работат придонеле 8,4 милиони евра во даноци поврзани со работата.
Минатата година работодавците во Естонија им платиле 28,5 милиони евра во плати на странските студенти, а 16,5 милиони евра на новите дипломци. Околу 56 отсто од странските студенти во Естонија работеле барем еден ден додека студирале. Помеѓу локалните студенти, дури 86 отсто работат за време на студиите.
Просечната плата за странските студенти изнесува 1.273 евра, додека за домашните изнесува 1.352 евра.
Анализата покажала и дека за време на студиите најчесто работат студентите во областа на информатичките и комуникациски технологии, инженерство, производство, градежништво, бизнис, администрација и право.
Извор:
The PIE news
Насловна фотографија: Pixabay