X
 19.03.2018 Живот

Путин: „Понекогаш е неопходно да се биде осамен за човек да докаже дека е во право“

Ова се некои од мудрите мисли на Владимир Путин.

„Понекогаш е неопходно да се биде осамен за човек да докаже дека е во право“.

„На оној што не му недостига СССР, нема срце. Оној што го сака назад, нема мозок“.

„Тероризмот нема ниту националност ниту религија“.

„Мислам дека среќа е љубовта“.

„Човек може навистина да ужива во неговиот живот само додека го доживува, а доживувањето е тесно поврзано со одредено ниво на ризик“.

„Јас сум најбогатиот човек во светот, не само во Европа, туку и во светот. Собирам емоции. Јас сум богат затоа што луѓето на Русија двапати ми го доверија лидерството на голема нација како што е Русија - верувам дека тоа е моето најголемо богатство“.

„Не сум жена, така што немам лоши денови“.

„Задачата на владата не е само да става мед во чашата, туку и некогаш да даде горчлив лек“.

„Екстремно е опасно да ги охрабрувате луѓето да се гледаат себеси како извонредни, без разлика на мотивацијата“.

„Колку повеќе ги запознавам луѓето, толку повеќе сакам кучиња. Едноставно, обожавам животни“.

„Мислам дека секоја личност треба да има верба во себе, во своето срце. Не е важно јавното покажување на оваа верба, туку внатрешната состојба на душата“.

„Земја во која луѓето не се здрави ниту физички ниту психички, во која немаат доволно образование и се неписмени, никогаш нема да го достигне врвот на светската цивилизација“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот