Data Science изминативе години важи за една од најпопуларните професии во светот, а интересот за неа постојано оди во нагорен тренд. Покрај тоа што нејзиното изучување значи зачекорување во data-driven свет, во кој можностите за нов вид кариера и насочување се огромни, оваа наука истовремено го поттикнува аналитичкото размислување - две придобивки што се од особена корист за најмладите. Мотивирана од ова, Data Masters првпат создаде
Data Science обука за млади на возраст од 13 до 18 години која ќе се реализира во летниот период.
Data Science е сегашноста и иднината. Нејзината моќ да го помогне напредокот и да го трансформира знаењето на повисоко ниво е дел од показателите дека таа само ќе галопира напред и ќе биде уште побарана. Од друга страна, во нашата земја имаме голем број млади кои уште од мали нозе покажуваат талент за бројки и програмирање, а на кои им треба насочување со цел да можат најдобро да го искористат талентот.
Кои се придобивките од изучување на Data Science?
Data Science на некој начин ни помага да ѕирнеме во иднината со помош на бројките (податоците). Денес, речиси сè што правиме се зачувува како податоци, а нивното правилно користење и анализа ни овозможуваат да дојдеме до одредени заклучоци. И токму тука доаѓа на сцена Data Science - наука која овозможува да се справиме со сето тоа мноштво од податоци. Бидејќи е спој од математика и програмирање, нејзината примена во различни видови области е огромна, а придобивките од нејзиното изучување од рана возраст се многубројни.
Преку нејзиното изучување најмладите имаат можност да се стекнат со логички и аналитички начин на размислување, да научат дека податоците се всушност присутни во целокупното наше живеење и да го согледаат нивното значење (на пример, колку пати сте ја играле вашата омилена игра преку апликација на телефонот; како да предвидите дали утрешниот ден ќе биде сончев или дождлив користејќи историски податоци итн.). Во суштина, математиката е двигател на многу нешта околу нас кои претставуваат секојдневие и доколку вашето дете поседува афинитети кон математика и програмирање, Data Science е одличен начин за да го насочите неговиот талент.
- Како Академија која нуди многу можности за насочување во областа на Data Science, а земајќи го предвид големиот интерес и сè поголемиот број на млади таленти, одлучивме да создадеме програма адаптирана за млади на возраст од 13 до 18 години која ќе се реализира во летниот период. Целта на едномесечната програма е да им помогне на учениците да ги направат првите чекори во Data Science на еден забавен и едукативен начин и правилно да го насочи нивниот талент. Програмата е комплетно адаптирана онлајн, а она што би сакала да го истакнам е дека местата се ограничени и токму затоа ги повикувам заинтересираните родители и секако ученици да го обезбедат своето место навреме - вели Катерина Јангеловска, раководител на
Академијата Data Masters.
Какво предзнаење е потребно?
За учество во обуката не е потребно предзнаење, но секако се препорачува за млади кои веќе имаат афинитет кон бројки и програмирање.
За Data Masters Academy
Data Masters Academy е составен дел од консултантскиот бизнис на компанијата
Data Masters која во своите рамки има големо искуство и работи на интернационални проекти од областа на Data Science. Во досегашниот тек има школувано над 250 студенти преку различни видови обуки и Академијата за Data Science, која во 2021 година ја произведе и третата генерација на Data Scientists, со што во континуитет создава врвни таленти кои наученото можат да го применат во светски рамки.
Сите заинтересирани за пријавување за обуката
Data Science for Teens можат да го сторат тоа
тука.
(Комерцијална објава)