Живееме во време во кое отсекаде сме бомбардирани со најразлични информации и податоци. Оваа многу брза и распространета циркулација на најразлични видови информации е една од најголемите придобивки на 21 век. Бизнис-секторот и секој што сака да биде конкурентен и активен чинител на пазарот на трудот мора да бидат запознаени со природата на овој глобален тренд кој се шири и развива со неверојатна брзина.
Но, како и со секоја брза и револуционерна промена, така и информациската револуција отвора нова и досега непозната низа на проблеми и опасности. Не сите податоци се важни и корисни; не секоја информација е релевантна за нас и нашите потреби. Македонија не е исклучена од овие глобални тенденции, и во никој случај не смее да остане пасивен набљудувач, таму каде што и тоа како е потребно да се размислува и дејствува.
Нашата земја полека, но сигурно ја надминува болната транзиција, во која, за жал, многу бавно фативме приклучок со новоoткриениот свет на пазарната економија. Сега, кога конечно пристигнавме, не смееме да каскаме зад најсовремените западноевропски бизнис-трендови. Поминато е времето на сезнаечки директори и интуитивни одлуки. Во современиот бизнис-свет единствена водилка се податоците, кои мора да бидат ригорозно подредени и вешто контролирани.
Токму тука, на местото каде што се вкрстуваат бизнисот и податоците, со полна пареа плови науката за податоците, попозната како
Data Science, и нашата компанија
DataMasters, која прва на овие простори се занимава со
Data Science и малку попознатиот претходник
Business Intelligence.
Но што точно се Data Science Business Intelligence и како ние, Data Masters, можеме да ви помогнеме? Нека не ве плаши стручниот жаргон, затоа што станува збор за многу едноставни и многу практични поими, кои веднаш се наметнуваат со својата корисност. Business Intelligence е токму тоа што го посочува и самото име – екстремно корисни информации за вашата компанија. Business Intelligence е тоа што ѝ потврдува на компанијата дека нешто работи, а нешто не; каде да инвестира и во која област да се насочи.
Вие можеби мислите дека знаете што се случува во вашата компанија, но бројките најверојатно велат нешто сосема друго. Секоја ваша одлука ќе има темел доколку вашата компанија поседува своја Data warehouse (дата-база која служи за складирање и организирање на податоци), и врз чија основа ќе може да спроведете Business Intelligence.
Data Science претставува уште еден чекор понапред, покомплексна верзија на Business Intelligence. Таму каде што BI се занимава со графици, менаџирање на податоци и извлекување информации, DS се концентрира на статистика и употреба на комплексни алатки за донесување претпоставки, прогнози и анализа и на тоа што може да се случи. Со други, поедноставни зборови, Data Science ви овозможува интелигентно, разумно и издржано донесување на одлуки и прогнози за раст, развој и напредок на вашата компанија.
А сега и некој збор повеќе за нас. Ние сме Data Masters, млада консултантска фирма, прва на овие простори што се занимава со BI и DS. Нашата компанија е предводена од тим стручни лица, со високо, експертско образование од областа и интернационално искуство во работење на најразлични проекти низ Западна Европа и светот.
Постојано подобрувачките способности на големите платформи за податоци сè повеќе создаваат нови можности за индустриите како банкарство, финансии, медицина, осигурување, е-трговија, „gaming”, сè до туристички агенции, дури и владини тела кои иако не се индустрија, да се наоѓаат на оваа листа која постојано се проширува поради големите количини податоци, кои сакаат да ги испитаат аналитиките за да имаат корист од нивните компании.
Под податоци не мислиме само на структурирани и табеларни податоци кои доаѓаат од вашите системи, туку и сите неструктурирани податоци како што се документи слики и каков било друг тип на податок што една компанија го поседува, односно Data Science може да одговори на сите прашања што имаат податочна основа.
Целта на Data Masters, односно наша цел е што побрзо да ја воведеме Data Science на овие простори и да им помогнеме на што повеќе компании од најразлични области, како што наведовме погоре, да растат, да се развијат и да се усовршат во подрачјето каде што дејствуваат.
Сите сопственици на бизниси делат заедничка цел, растење, развој и проширување на својот бизнис, а консултанти се луѓе како нас,
Data Masters, кои ви помагаат во остварувањето на таа цел преку најсовремени методи.
Повеќе информации на ОВОЈ ЛИНК
(комерцијален текст)