„Лемон8“ (Lemon8) е нова социјална мрежа која последниве недели е исклучително популарна во САД.
Таа досега била инсталирана над 650.000 пати и е една од најпреземенуваните апликации на телефоните на „Епл“. Сопственикот на оваа апликација е сопственик и на „Тик-ток“, но двете социјални мрежи се разликуваат. На „Лемон8“ може да се објавуваат и фотографии, покрај видеа.
Таа се опишува како комбинација од „Инстаграм“, „Тик-ток“ и „Пинтерест“, а во фокус се теми од областа на модата и убавината.
Како и „Тик-ток“, таа има дел каде што се појавуваат персонализирани објави. Апликацијата овозможува и пишување мали текстови.
Извор:
Srednja
Насловна фотографија: Freepik