За многу луѓе во светот секојдневието деновиве се одвива пред екранот. Многу активности без кои не можевме да го замислиме животот пред неколку месеци сега станаа виртуелни, како училиштето, дипломските церемонии, па дури и погребите. За 1,8 милион луѓе од светот овој период е добар за глумење мравка.
На „Фејсбук“ има
приватна група во која корисниците се преправаат дека се мравки. Колку и да звучи чудно, 1,8 милион луѓе се дел од оваа група. Целата идеја на групата е корисниците да глумат дека се мравки и ништо повеќе.
Фото: Pixabay
Групата била формирана во јуни минатата година и имала малку корисници. По започнување на пандемијата, бројот на членови драстично пораснал. Откако ќе бидат прифатени од модераторите, корисниците играат улоги на мравки на различни начини, а повеќето објави се фотографии на кои има храна со описи како „помогнете ми да ѝ го однесам ова на кралицата!“
Алисон Коен, биолог и истражувач, открива дека станала дел од групата по започнувањето на мерките за изолација. На почетокот била збунета, а сега повремено коментира на објавите, иако не објавила ништо досега. Таа вели и дека групата станува преголема, па затоа почнуваат да се појавуваат и содржини што не одговараат
на темата, а модераторите не успеваат да ги контролираат сите објави.
Фото: Pixabay
Секојдневно има стотици објави во групата, а под секоја има илјадници коментари. На прашањето зошто групата станала толку популарна, Алисон вели дека за неа, тоа е одреден начин на паузирање од сите сериозни и вознемирувачки содржини на интернет, особено во ова време.
Автор: Корнела Ченинг
Извор:
slate.com