Тоа изгледа толку лесно кога другите го прават, но нам никако да ни тргне. Зборуваме за решавање рубикова коцка. Има ли други како нас?
Сетете се на моментите кога сте се обидувале и обидувале и не сте можеле да стигнете до совршената комбинација. Се надеваме дека досега не сте ја изгубиле желбата за решавање бидејќи можеби тоа конечно ќе се случи.
Најдовме видео во кое се следи решавањето на рубикова коцна чекор по чекор.
Дали ова е „мамење“? Секако, но подобро е отколку да кршите коцки бидејќи не сте успеале да ги решите.