X
 10.08.2016 Живот

Мистериозни луѓе и нерешените случаи позади нив

1

 

Пронајдени тела на две деца од несреќа на железничка станица, меѓутоа никој не дошол да ги идентификува телата, пронајден жив човек со ампутирани две нозе, без да го знае својот идентитет. Ова се некои од нерешените мистерии кои остануваат токму мистерии со застрашувачки приказни позади нив.

 

1. Човекот Сомертон

 

1


На парчето хартија скинато од ретка книга од персиската поезија пишувало: „Таман Шуд“ - зборови кои во превод значи „Завршено е“. Меѓутоа ова не било доволно за австралиските истражувачи. Ливчето било пронајдено на телото на еден човек на плажата Сомертон во 1948 година. Набргу после тоа, во автомобил паркиран близу плажата тие ја пронашле книгата од каде била скината хартијата - а во книгата шифра и телефонски број.

Бројот бил на Џесика Симпсон, сестра од Самертон која вели дека никогаш во животот не го видела мистериозниот човек (иако соседите тврделе дека човекот тропнал на вратата на Џесика еден ден пред да биде пронајден). Откако Џесика починала нејзината ќерка открила дека таа била советски шпион која имала афера со човекот. Но, дали Џесика била поврзана со смртта на човекот? Можно е никогаш да не се дознае: владините претставници одбиваат да го ексхумираат телото за ДНК тестирањето, а неговата обдукција не открила ништо убедливо.

2. Џером од Сенди Коув

 

2


На 8 септември 1863 година, на плажата Сенди Коув во Нова Шкотска било откриено нешто застрашувачко - покрај огромниот камен се наоѓал човек со ампутирани нозе, делумно заздравени. Покрај него имало бокал со вода и бисквити. Што му се случило на човекот? Никогаш нема да се дознае: локалните жители кои го пронашле се обиделе да зборуваат со него; тие донеле дури и морнари од различни националности да видат дали може некој од нив да разговара со него, меѓутоа тој не зборувал ништо, само го повторувал името: „Џером“.

Многу луѓе се обиделе да го откријат идентитетот на Џером, но немале среќа. Се претпоставува дека ампутацијата била казна поради неговиот обид за бунт на бродот. Сепак, никогаш нема да се дознае бидејќи човекот починал носејќи ја тајната во неговиот гроб.

3. Децата од Чарфилд железничката

 

3


Во октомври 1928 година, воз кој носел 60 патници возел од Лидс до Бристол: меѓутоа никогаш не стигнал до дестинацијата. Поради густата магла машиновозачот не го видел црвениот знак од железничката станица Чарфилд удирајќи во товарен гас со што ударот предизвикал пожар. 16 патници загинале во несреќата, вклучувајќи и две мали деца: момче и девојка изгореле толку многу што не можеле да бидат идентификувани.

Никој не дошол да ги идентификува децата - ова било доста чудно за луѓето. Но, откако бил изграден споменик за загинатите, работите станале уште почудни. Локалните жители изјавиле дека една година после несреќата, мистериозна жена облечена во црна долг мантил го посетила гробот на децата оставајќи цвеќиња. Таа гробот го посетувала секоја година се' до 60-тите. Кога еден член од медиумите се обидел да ѝ пријде, таа избегала и повеќе никогаш не се појавила. До ден денес постојат приказни за тоа како шетаат духовите на децата, стоејќи за рака во близина на местото на несреќата.

4. Зелените деца од Вулпит

 

4


Во средната на 12-от век, во селото Вулпит во Суфолк, се појавиле две дечиња од јамата која се користела за фаќање волци. Нивната кожа имала зелена нијанса, биле облечеи во чудна облека од ткаенина која никој не ја познавал и зборувале на јазик кој никој не го разбирал.

Кога еден локален жител се одлучил да ги посвои децата, тие не сакале да јадат ништо освен грав, продолжувајќи да зборуваат на нивниот мистериозен јазик. Момчето не се прилагодило толку лесно како девојчето: станало агресивно и депресивно и на крајот починало. Во меѓувреме девојчето научило доволно англиски за да се обиде да објасни што им се случило. Приказната која таа ја раскажала била застрашувачка: таа рекла дека доаѓале од подземна земја полна со зелени луѓе. Кога еден ден го паселе добитокот тие паднале во голема црна јама. На крајот се појавилла светлина и тие ја следеле, со што стигнале во Вулпит. До ден денес никој не знае каде биле децата или од каде дошле.

5. Убиецот од Толедо

Толедо, Охајо било страшно место за живеење во 20-тите. Пожари, бомбашки напади и серии на застрашувачки убиства. Во центарот на сето ова бил човекот наречен Толедо Клабер. Полицијата верувала дека тој ги започнувал пожарите и бомбите како и убиствата. Така започнале сериите ужасни напади.

Во само една недела во ноември, најмалку девет жени биле силувани од непознат човек. Жените биле истепани со тешки предмети и оставени да умрат. Скоро една година подоцна, други две жени биле нападнати. Кратко време после тоа, неколку згради биле запалени. Но, исто како што започнале злосторства, така и престанале. Доаѓале најави за идентитетот на човекот, меѓутоа на крај ништо не било откриено. Идентитетот на Толедо Клабер останува мистерија.

6. Каспар Хаузер

 

6


Малку се знаело за Каспар Хаузе, тинејџерот кој за прв пат се појавил во Нирнберг, Германија во мај 1828 година. Тој тврдел дека бил заробен во ќелија, но не можел да каже колку долго го чувале. Еден локален учител одлучил да го посвои, меѓутоа година и пол после посвојувањето, момчето тврдело дека неговиот киднапер се вратил и го пресекол со жилет. Неколку години подоцна, тој пристигнал дома со сериозна рана на градите и мистериозна белешка од непознатата личност која го повредила.

Белешката не помогнала во пронаоѓањето на потеклото на Хаузер. Всушност, многу луѓе верувале дека самата белешка и раната биле создадени од Хаузер. Починал три дена после нападот, а неговиот живот до ден денес останува мистерија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот