Раѓањето на вулкански остров е моќен и прекрасен потсетник на способноста на планетата да создава нова земја. Со оглед на хаосот во природата на кој сме сведоци неодамна, кој е последица на повеќе природни катастрофи како земјотреси и цунамиња, погледот во раѓањето на два острови е навистина добредојден.
Фотографиите беа
објавени како дел од истражување во „Nature communications“. Во него се опишува како се формираа два нови острови за време на вулкански ерупции во 2011 и 2013 година, соодветно. Овие острови сега полека потонуват и се рушат. Едниот веќе изгубил 30% од својата површина, и тоа за само две години.
Фотографиите го претставуваат раѓањето, но и растењето на овие нови острови.
Магмата има долг пат од подводна ерупција на дното на морето до површината за да формира нов вулкански остров бидејќи постојано „е напаѓана“ од водата. Но, тоа се случило во формирањето на овие два нови вулкански острови, именувани Шолан и Џадид во архипелагот Зубаир, дел од Јемен.