X
 19.05.2023 Живот

Германски град воведува постојано зелено светло на семафорите

Автомобилите веќе долго време не се во фокусот на градските сообраќајни експерти. Сè повеќе градови низ светот градат велосипедски патеки или им даваат предност на пешаците наместо на автомобилите.

Во Германија, проект спроведуван од 2021 до април 2023 година имал цел да го унапреди пешачкиот сообраќај во градовите. Во проектот биле вклучени пет германски града, за кои биле изработени програми со мерки и стратешки препораки. Во рамките на спроведувањето на проектот биле забележани многубројни недостатоци и биле создадени предлози за подобрување на сообраќајот за пешаците.

Планот за Висбаден вклучува постојано зелено светло за пешаците

Во градот Висбаден треба да се спроведат повеќе мерки кои биле препорачани од експертите. Градот ќе пренамени одредени улици за да бидат широки 2,50 метри, што е нов стандард за изградба. Доколку не е возможно тоа, доволна би била и широчината од 1,50 метар. Дополнително, надлежната управа треба повнимателно да го следи непрописното паркирање на тротоарите.

Најголемата промена се однесува на семафорите. Имено, семафорите во градот постојано ќе им покажуваат зелено светло на пешаците во периодите во кои не возат автомобили.

За тоа веќе постои технологија и била тестирана во некои германски градови. Над семафорот се вградува сензор кој вклучува црвено светло на семафорот само доколку наидува автомобил.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот