X
 21.08.2018 Економија

Од утре започнува изградбата на подземната сообраќајница во центарот на Скопје

Од утре во наредните шест години ќе биде воведен привремен сообраќаен режим на булеварот „Македонија“ (зад Музејот на Град Скопје и ТЦ „Рамстор“) поради изведување градежни активности за изградба на подземна сообраќајница од страна на компанијата „Лимак“. Поради градежните зафати ќе се изврши и промена на трасата на линијата „9“, а ќе се дислоцира и една автобуска постојка.

Oва го соопштија од ЈСП Скопје, од каде посочуваат дека автобуското стојалиште на булеварот „Македонија“, кое е во непосредна близина на катната гаража (наспроти седиштето на „Макпетрол“), привремено ќе се премести на улицата „Јордан Мијалков“ (поранешна улица „Железничка“), после пешачкиот премин кој води до паркот „Урбан парк“.

Променета ќе биде и трасата на движење на автобуската линија „9“, во насока од Клиничкиот центар кон Скопје Север. Автобусите од посочената линија на крстосницата меѓу улицата „Јордан Мијалков“ (поранешната улица „Железничка“) и улицата „Герман“, нема да вртат лево кон булеварот „Македонија“, туку, ќе продолжат да се движат право и истите подоцна ќе се приклучат кон булеварот „Македонија“ преку привремена улица пред натпатникот на улицата „Павел Шатев“, при што ќе продолжат да се движат по постојната траса на линијата „9“.

Од ЈСП Скопје апелираат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено воведениот сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и брзината на движење да ја приспособат на условите на патот.

Извор: МИА
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија