Додека фотографот Марк Кауан патувал по Амазон, проучувајќи ја разновидноста на рептили и водоземци, направил феноменална фотографија што е визуелно зачудувачка, но и доста едукативна.
На фотографијата се гледа крокодил од видот кајман кој на главата има „круна“ од пеперутки. Биолошки, на овие крилести суштества им треба сол за да преживеат, а водата што се собира на кожата на кајманите е клучен снабдувач на тие минерали.
Иако кајманот нема никаква нутритивна корист од врската, неговиот израз на лицето покажува дека не му пречи тоа што пеперутките се на неговата глава.