X
 24.08.2022 Живот

Двајца астрофотографи ја направија најдеталната фотографија од Месечината

Вирална објава откри неверојатна нова фотографија од Месечината, но не беше направена од НАСА.

Најдеталната фотографија од Месечината беше двегодишен проект направен од двајца астрофотографи.

Сликата од 174 мегапиксели, која ги покажува боите на Месечината, кратерите и блескавата аура со неверојатни детали, првпат беше откриена на „Редит“ во саботата. Преку „Редит“ и „Инстаграм“, Ендрју Мекарти, познат по своите астрофотографски вештини, се здружи со планетарниот научник и колега-фотограф Конор Матерн, познат по неговите впечатливи и живописни фотографии од галаксии и маглини.

Тие двајца претходно работеа заедно за да создадат неверојатна блескава и детална слика на Месечината.


За фотографијата наречена „Лов по Артемида“, Мекарти вели дека е искажување почит кон мисијата „Артемида I“ на НАСА, тест-лет без екипаж, што според вселенската агенција, ќе обезбеди основа за човечко длабоко истражување и ќе ја покаже посветеноста и способноста да се вратат луѓето на Месечината и да ѕирнат што има подалеку.

„Артемида I“ се очекува да биде лансирана помеѓу 8:30 и 10:30 часот на 29 август.

Фотографите успеаја да снимат значајни податоци што ги истакнуваат боите на Месечината и кои ја прават толку уникатна. Без способноста на Метерн да ги долови овие податоци, сликата ќе беше „мрачна сива боја“. Мекарти вели дека целиот проект е составен како мозаик.

- Секоја плочка е составена од илјадници фотографии - изјави тој. Мекарти направил 200.000 фотографии од Месечината од Аризона, додека Метерн направил 500 од Луизијана. Потоа биле потребни 9 месеци за да го усовршат проектот и да го добијат конечниот резултат.

Метерн рече дека фотографијата е со најголема резолуција што некогаш ја направил.

Извор: CBSNews.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот