X
 08.05.2022 Живот

Фотограф снимил прекрасни моменти меѓу поларна мечка и нејзините младенчиња

Наградуваниот фотограф и водич за диви животни Пол Голдстајн поминал осум дена на канадската територија Нунавут, каде што имал посебна средба со поларна мечка и нејзините младенчиња. Откако со моторна санка стигнал до оддалечениот дел на островот Бафин, кој е познат по поларните мечки во текот на целата година, Голдстајн тргнал да истражува. Благодарение на помошта на локалните Инуити, тој наишол на спектакуларна сцена.

Голдстајн имал задоволство околу четири часа да набљудува поларна мечка и нејзините младенчиња. Без разлика дали тие биле надвор да истражуваат или се гушкале во снегот, мечката секогаш внимателно ги чувала своите бебиња. Тоа бил магичен момент за Голдстајн.

Дури и по 25 години поминати во оваа професија, за него е секогаш возбудливо да долови такви посебни моменти. Тој се надева дека луѓето ќе ги погледнат овие слики и ќе сфатат колку се кревки овие екосистеми и колку е важно да се заштитат.

1

3

- Би било охрабрувачки доколку истата слика може да се направи по 50 или 100 години - вели Голдстајн.

Според статија од 2020 година, популацијата на поларните мечки на Бафиновиот Остров е стабилна, на околу 2.800 единки. Поларните мечки поминуваат време на копно кога морскиот мраз не е достапен, но штом водите ќе замрзнат, тие се на мразот и во потрага по нивната главна храна - фоките.

2

Интересно е што поларните мечки обично раѓаат близнаци. Ова овозможува подобра шанса за барем едно младенче да стане полнолетно. Со оглед на суровата арктичка средина во која тие растат, оваа еволуција е разбирлива. Младенчињата на поларната мечка вообичаено остануваат со својата мајка две и пол до три години. За тоа време, таа ќе ги научи на сите вештини за преживување што ќе им бидат потребни за да напредуваат. Ова вклучува лов, пливање и хранење. Но, како што јасно покажуваат фотографиите на Голдстајн, има уште многу време за гушкање.

3

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Paul Goldstein/Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот