X
 19.07.2018 Живот

Попис на мачки во Вашингтон

Државните и приватните здруженија во Вашингтон почнаа со тригодишното попишување на вкупниот број мачки во главниот град на САД, со надеж дека тоа ќе помогне во развојот на управувањето со мачешката популација во земјата.

За проектот ќе се користат камери, ќе се посетуваат домаќинствата и ќе се користат други техники за да се одреди бројот на уличните и домашните мачки во градот со 690.000 жители, стои во соопштението.

Иницијаторите на проектот - „DC Cat Count“ истакнаа дека податокот за бројот на мачки што живеат во Вашингтон ќе им помогне на засолништата подобро да ги распоредуваат средствата, а на истражувачите да ја следат популацијата на улични мачки.

Пописот треба да заврши во јуни 2021 година.

Според податоците од Американската ветеринарска асоцијација, речиси секое трето домаќинство во САД има барем една мачка, или вкупно повеќе од 74 милиони.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот