Во нова студија истражувачи открија дека мачките жалат кога други миленици со кои живеат ќе пцовисаат и тие чувства може да ги имаат дури и за кучињата.
Истражувачи од Универзитетот „Оукленд“ во Мичиген, САД, откриле дека по умирање на друго маче или куче во домот, мачките јаделе и си играле помалку од вообичаено. Со оглед на тоа што тоа однесување кај луѓето се поврзува со жалење, откритијата може да сугерираат дека мачките чувствуваат нешто слично на жалење кога други животни околу нив ќе пцовисаат.
Објавена во списанието
„Аплајд анимал бихејвиор сајенс“, студијата направена од страна на психолози е еден од малкуте трудови посветени на емоционалната состојба на домашните мачки.
За да ја изработат студијата, истражувачите Џенифер Вонк и Британи Грин зборувале со 412 лица кои чуваат мачки и ги прашале како нивното милениче се однесувало кога некое друго маче или куче во нивниот дом пцовисало. Генерално, луѓето рекле дека без оглед на видот на животното - пријател на мачето, мачките сакале и повеќе внимание и повеќе време сами, јаделе помалку, спиеле повеќе и (можеби најсрцепарателно) го барале веќе пцовисаното животно.
Во суштина, мачките се однесувале на сличен начин како што ние луѓето се однесуваме кога жалиме, што е сосема спротивно на тврдењата дека мачките немаат длабоки чувства.
Вонк истакнува дека во игра може да се и некои измешани и збунувачки фактори, како на пример дека сопствениците можеби си го проектирале жалењето на животните или дека мачките можеби се обидувале да ги утешат луѓето (што повторно покажува дека не се бесчувствителни).
Извор:
Futurism
Фото: Freepik