X
 19.07.2024 Забава

Пристигнува бурата на векот - филмот „Твистер 2“

Епскиот филм за природна катастрофа „Твистер 2“ од студиото „Варнер Брос“ се враќа на големото платно.

Ова е акција која ќе ве исфрли од вашето седиште и ќе ве доведе во директен контакт со една од најразорните сили на природата - торнадото.

„Совршена бура“, „акција која го одзема здивот“, „филм кој ќе ве остави без зборови“ и „незаборавно искуство кое треба да се види на големото платно“ - се само дел од коментарите за овој филм.

Од продуцентите на „Светот Јура“, „Борновиот идентитет“ и „Индијана Џонс“ доаѓа „Твистер 2“, продолжение на блокбастерот од 1996 година „Твистер“. Во режија на Ли Исак Чунг, сценаристот и режисер на „Минари“, кој беше номиниран за „Оскар“, ова е дел во кој главните улоги ги имаат Дејзи Едгар-Џонс и Глен Пауел, како две спротивности кои се здружуваат за да се обидат да ја предвидат, а можеби и да ја скротат огромната моќ на торнадото.

 

Едгар-Џонс ја глуми Кејт Купер, поранешен ловец на бури која следела разорно торнадо за време на нејзините студии, а сега ги проучува моделите на бура на екрани, на безбедно во Њујорк. Нејзината пријателка Џави ја намамува назад во отворените рамнини за да тестира револуционерен нов систем за следење. Таму ѝ се вкрстува патот со Тајлер Овенс (Пауел), кој ужива да ги објавува своите авантури додека го „брка“ невремето со својата бесна екипа, под мотото „Колку поопасно, толку подобро“.


Како што се засилува сезоната на бури, се појавуваат застрашувачки феномени кои не се видени досега, а Кејт, Тајлер и нивните конкурентски тимови се наоѓаат токму на патеките на повеќекратните системи на бури, кои се спојуваат над централна Оклахома.

Во „Твистер 2“ играат и Ентони Рамос, Брендон Переа, Маура Тиерни и Саша Лејн, заедно со Дејвид Коренсвет, Дерил Мекормак, Кирнан Шипка и Ник Додани.

Извор: klix.ba

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава