X
 19.08.2017 Наука

Недостигот на сон го уништува мозокот

Спиете ли доволно? Или цела ноќ се превртувате и ви недостига сон? Од која и да е причина несоницата, таа многу му штети на човечкиот мозок.

Спиењето е потребно за да го „исчисти“ мозокот, односно да ги отстрани непотребните сеќавање и да се создаде место за случувањата од наредниот ден. Но, недоволното спиење не дозволува ова да се случи. Астроцитите се мозочни клетки кои се одговорни за тоа „чистење“, а тим на истражувачи од Италија откриле дека со недоволно сон овие клетки се истоштуваат.

Извршиле експеримент над глувци. Некои спиеле 8 часа, а некои периодично биле прекинати за да не потонат во длабок сон. Некои пак, биле држени будни цела ноќ, а други не спиеле 5 ноќи по ред. Колку помалку глувците спиеле, толку станувале поактивни нивните астроцити. Астроцитите кај наспаните и прекинатите глувци, дури ги „јаделе“ остатоците од мозочниот отпад. Кај оние пак, кои воопшто не спиеле астроцитите ги уништувале деловите во работните синапси.

Таквото наштетување на мозокот може да доведе до сериозни проблеми на долгорочен план. Ваквата активност може да е клучното објаснување за болести како Алцхајмеровата, која веќе е поврзана со зголемена активност на микроглијалните клетки, кои се ист вид како астроцитите. Недостигот на сон исто така е поврзан со болеста.

Ова се неколку примери за здрави навики кои ќе помогнат во победување на несоницата:

-    Ограничете ги дремките на 30 минути. Но, тие не се замена за добро спиење во текот на ноќта.
-    Вежбајте. Но, не пред да легнете во кревет. Имајте физичка активност некаде до средината на денот.
-    Уживајте во природно светло. Изложувањето на сончева светлина во текот на денот и на темнина во текот на ноќта го регулира телесниот часовник и ќе ви помогне во чувството на поспаност навечер.
-    Откажете се од екраните, од мобилниот телефон, од компјутерот, од телевизорот. Обидете се да се оттргнете од нивното зрачење еден час пред да одите во кревет.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука