X
 21.08.2017 Наука

Следете го во живо затемнувањето на Сонцето

сонце
Фото: Reuters

За првпат после 99 години, денес на територијата на Америка ќе биде видливо целосното затемнување на Сонцето, соопштуваат од американската вселенска агенција НАСА.

Целосното затемнување на Сонцето, што се случува на секои 12 до 18 месеци некаде во светот, не секогаш е видливо за населението, бидејќи обично се случува над некој океан, со оглед на тоа што Земјата е претежно покриена со вода.

Ова ќе биде првото затемнување над Америка во 21-от век и прво во Америка од 1991 година, кога затемнувањето на Сонцето тогаш било видливо само од Хаваите.

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека затемнувањето ќе започне во Орегон, во западна Америка, околу 10 часот, а после тоа ќе биде видливо во уште 14 американски сојузни држави.

Затемнувањето треба да заврши во 14.48 часот по локално време близу Чарлстон во Јужна Каролина.

Околу 12 милиони Американци живеаат на подрачјето каде што ќе биде видлив овој астрономски феномен.

Затемнувањето на Сонцето е важен настан за научници кои тогаш можат да ја искористат можноста и да го проучат горниот дел од атмосферата на Сонцето, што обично не е видлив, а е со површина од неколку милиони километри.

Затемнувањето на Сонцето е астрономска појава која се случувакога Месечината поминува помеѓу Сонцето и Земјата, а Месечината целосно или делумно го блокира Сонцето. Ова може да се случи само на млада месечина, кога Сонцето и Месечината се во конјункција кога се гледаат од Земјата во усогласување. Во целосно затемнување, дискот на Сонцето е целосно прикриен од Месечината.

Во случај на целосно затемнување на Сонцето, Месечевиот диск целосно го прекрива Сонцето. Затемнувањето може да се набљудува од релативно тесен појас на Земјата преку кој минува сенката на Месечината.Во моментот непосредно пред целосното затемнување, кога последните зраци од Сонцето се пробиваат зад Месечевиот диск, се случува појавата на таканаречен „дијамантски прстен“. Истата појава може да се забележи и непосредно по целосното затемнување.

Научниците секогаш ги предупредуваат граѓаните да ги заштитат очите за време на набљудувањето на овој феномен.

ТУКА
можете да го следите затемнувањето на Сонцето кое ќе започне во 18 часот по македонско време.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука