X
 06.02.2020 Наука

Меурчиња заробени во мраз на Алјаска се воодушевувачко, застрашувачко предупредување

Од година на година, како што завршува есента на Алјаска, јапонскиот фотограф Рајота Кајита го бара првиот мраз на зимата. Верува дека сè - дури и она што се чини незначително, се поврзува со поголемите аспекти на нашата планета. Еден пример е мразот што се создава над езерата.

Кајита прави фотографии од мраз уште од 2010 година, како дел од неговиот проект наречен „Формации на мраз“. Тој е воодушевен од геометриските обрасци што ги гледа: пенливи полиња од меури под замрзнатата површина и кристали од снег и мраз. Многу фотографии се композиции од заробени, замрзнати меурчиња од метан и јаглероден диоксид.

Иако Кајита сака да ги фотографира формациите, тој е загрижен поради нивното постоење. Како што се загреваат северните региони на Земјата, топењето на вечниот мраз се забрзува. Тоа ослободува повеќе метан, кој е штетен стакленички гас.

Кајита се надева дека луѓето што ќе ги видат фотографиите ќе се чувствуваат поврзани со природата и поврзаноста ќе им помогне да се справат со поголеми проблеми, како што се глобалните климатски промени.

ГАЛЕРИЈА

Фото: National Geographic
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука