X
 19.08.2019 Живот

Најсуровиот уред за мачење сѐ уште се наоѓа во затворот во Зеница

Затворот во Зеница бил отворен за време на Австро-Унгарија и бил граден во неколку фази од 1886 до 1904 година. Рекорден број на осудени лица бил забележан во 1906 година - 1.000 затвореници. Во овој затвор поминале многу познати лица, од нобеловецот Иво Андриќ до Гаврило Принцип.

Како што поминувале годините, затворот почнал да го бие лош глас. За време на Втората светска војна многу затвореници биле измачувани и убивани токму во овој затвор. Управителите на затворот дури ангажирале и мајстори за да создадат уред за мачење. Според некои записи, извесен Плоховиќ од Истра го дизајнирал најсуровиот уред за мачење познат како „исусовача“.



Железните мали окови, кои на прв поглед изгледаат безопасно, се наоѓаат во мала просторија во самицата. Болките што ги предизвикувал уредот биле неподносливи. Затвореникот морал да клекне, да ги провлече рацете меѓу нозете и со прстите да се фати за петиците. Потоа чуварите му ги врзувале рацете и нозете за алките. Во првите неколку минути не се чувствувала болката. Но, потоа се појавувале силни болки во стомакот и во зглобовите, при што следувал интензивен притисок на крв во лицето, очите и во устата. Потоа болката удирала во 'рбетот. Тогаш луѓето ја губеле свеста. Ова мачење никој не можел да го издржи повеќе од 20 минути.

Според некои митски приказни, џинот Франц Штифт бил единствениот затвореник што издржал повеќе од 20 минути на „исусовача“.

По половина час Франц наеднаш ги повлекол оковите и ги скинал од ѕидот.

Кршење коски со тркало

1
Фото: Ilustracija

Мачењето со тркало имало две фази, еднакво страшни. Во првата фаза се кршеле коските и зглобовите со помош на тркало кое од внатрешната страна имало шилци. Втората фаза се користела само за погубување.

Маса за истегнување

masa
Фото: Ilustracija

Постојат записи за овој ужасен изум од првиот век од нашата ера, но најкористен бил во раниот 15 век низ цела Европа. Станува збор за една од најтешките и најчесто користени справи за мачење.

Справата имала различни форми и шилци, а покрај болката од шилците што се забодувале во телото на жртвата, со неа се кинеле и мускулите при истегнувањето.

Нирнбершка девица

devica
Фото: Ilustracija

Кутијата изработена од челик во чија внатрешност се ноаѓале шилци се употребувала во 16 век. Жртвата била затворена во кутијата, а со затворањето на вратата шилците ѝ се забивале во телото.

За мачењето да биде подолго и посурово, шилците биле поставени така што да не може да ги повредат клучните внатрешни органи, па секоја жртва претрпувала неверојатна болка пред смртта.

Челична маска

maska
Фото: Ilustracija

Челичната маска го спречувала врескањето на жртвата за да не им пречи на инквизиторите во разговорот. Челичните цевки во внатрешноста на маската биле присилно ставена во устата, а околу главата имало челична јака и дупка за дишење, што ја спречувало жртвата да се задуши пред време.

Дробење на прстите


prsti
Фото: Ilustracija

Справата за дробење на прстите била направена така што бавно ги гмечела не само прстите туку и колената и лактите, за кои постоеле поголеми справи.

Исто така, постоела справа за дробење на главата, а основната цел на овие справи била да извлечат признание од жртвите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот