Во следните 5 години низ светот ќе се отворат дури 149 милиони нови работни места во областа на технологијата. Ова е одлична вест за секој невработен, но пополнувањето на овие места ќе биде предизвик. Затоа, некои организации бараат потенцијални работници на необични места - во затворите.
Компанијата „Амазон веб сервисес“ е вклучена во проект со кој им се нуди можност за тренинг во програмирање на затворениците во САД. Учењето нови вештини може да им отвори многу можности на
затворениците, Меги Картер, одговорно лице за општествено влијание во „Амазон веб сервисес“, вели:
- Четвртата индустриска револуција го зголемува притисокот за наоѓање квалификувани луѓе, но идејата за вклучување на поранешните затвореници во технолошката индустрија не е нова.
Во 1998 година Велика Британија експериментирала со тренинг за затвореници, а во Калифорнија постои програма за учење технолошки вештини за затвореници од 2016 г. Луѓето што стојат зад проектот во Калифорнија велат дека никој поранешен затвореник што бил дел од програмата не бил повторно осудуван.
Во Франција затворениците може да посетуваат часови по разни предмети, меѓу кои и технологија, додека во Финска сите затвореници имаат пристап до тренинг-курс за вештачка интелигенција.
Во Индија затвореничките во затворот во Бопал одат на компјутерски курсеви преку Школата за општествени науки во Бопал.
Автор: Шон Флеминг
Извор:
weforum.org