X
 19.09.2018 Живот

Ријана: „Моето образование беше лошо, не се срамам да кажам дека сѐ уште учам“

Пејачката Ријана признава дека сѐ уште учи бидејќи немала добри услови во текот на школувањето.

- Образованието е патување што трае цел живот. Никогаш не знаеме сѐ, но имаме можност секојдневно да учиме за општеството, за светот што постојано се менува и за себе. Не се срамам да кажам дека сѐ уште учам. Имав страшно лоши услови во текот на моето формално образование, но имав среќа да учам патувајќи како дел од музичкиот свет - пишува таа во авторскиот текст за „Гардијан“.

Таа додава дека неможноста на децата низ светот да се образоваат е голем проблем, но тоа не значи дека треба да се предадеме. Треба да се соочиме со предизвиците и да преземеме обврска да бидеме пример.

- Не можам едноставно да го прифатам фактот дека некои деца немаат можност да одат на училиште - вели таа.

ријана
Фото: Profimedia


- Додека растев во Барбадос, не го сакав училиштето. Ме привлекуваа други работи, како спортот и пеењето. Сега сфаќам дека сум среќна што воопшто сум имала можност да одам на училиште. Тоа е можност што може да биде скратена во секунда. Погледнете што се случува на Карибите, каде што училиштата се уништени од природните катастрофи. Во другите делови од светот конфликтите, сексизмот и лошата јавна политика спречуваат повеќе од 250 милиони деца да се школуваат - пишува Ријана.

Таа минатата година го посетила Малави во улога на амбасадор („Глобално партнерство за образование), што поддржува образование на децата во 87 земји низ светот. Во таа пригода бил одржан состанок на светските лидери во Сенегал. По повод договорот на сенегалската и француската влада како кофинансиер на организацијата, било одлучено во глобалното образование да бидат вложени 2,3 милијарди долари.

- Им се заблагодаруваме на Франција и на ЕУ за помошта, и на земјите што го дуплираа својот придонес, како Канада и Ирска. Се радувам затоа што и Јапонија и Германија ќе го зголемат својот придонес, како и земјите што досега не помагале - Холандија, Финска, Нов Зеланд и други организации. Горда сум што им помогнав на илјада девојчиња во Малави да се школуваат. Секој глас е важен, а ограниченото образование не е причина да се молчи. Сите сме во ова и само замислете свет каде што милион деца имаат шанса. Така сите победуваат - пишува Ријана.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот