Љубителите на стриповите ќе имаат можност да се запишат на докторски студии за Тинтин или било кои други ликови од стриповите, под експертско водство на првиот вонреден професор по илустрирана фикција и стрипот на британскиот Универзитет во Ланкастер.
Универзитетот во Ланкастер, објави дека францускиот графичар, критичр и романсиер, експерт за Тинтин, Беноит Петерс, за прв пат ќе предава како универзитетски професор. Улогата која ќе ја тестира следоното лето вклучува предавања за историјата на стрипови, креативни работилници и менторирање на докторантите.
Симон Гај, декан на Одделот за уметност на Универзитетот во Ланкастер, изјавува дека оваа соработка ќе отвори „нова димензија“ на универзитетот, особено во однос на текот на креативното пишување. „Со Беноа како вработен, се надеваме дека се` повеќе луѓе ќе студираат за стрипови и други видови фикција на сериозен и академски начин“.
На предавањата нема да се читаат махга стрипови туку ќе се разговара за тоа како стриповите обединуваат голем број социјални, културни, економски и технолошки иновации.
За време на тригодишната програма, Д-р Петерс ќе предава за стриповите и како тие да се цртаат и пишуваат: ќе истражуваат на оваа тема уште од почетокот на 19-от век и авторот Родолф Топфер па се` до современи уметници како Крис Вер и Арт Шпигелман, и Британецот Алан Мур, автор на култниот стрип „V for Vendetta“.
Професорот кој исто така пишувал многу и за францускиот филозоф Жак Дерида, верува дека идејата за стриповите како „ниска уметност“ е застарена. Иако некои стрипови се детинести и смешни, други все софистицирани и зрели.
„Новите генерации на возрасни луѓе пораснаа со софистицирани стрипови кои можат да се сметаат за вистинска форма на уметност. Се` повеќе писатели и филмски режисери се заинтересирани за јазикот на стрипот. Мислам дека можеме да истражуваме и понатаму“.