X
 10.11.2015 Образование

Бесплатно учење на странски јазици преку интернет

Колку јазици знаеш, толку вредиш - вели старата поговорка, а сега учењето на странски јазик со помош на новата технологија никогаш не било полесно.

 

јазик


Интернетот изобилува со бесплатни веб страни кои ви нудат учење на јазик, а ние ви ги издвојуваме најдобрите.

1. Livemocha.com

Livemocha претставува најбројната јазична заедница на интернет. Освен што постојат голем број бесплатни курсеви по странски јазици, оваа страна и ви овозможува да стапите во контакт со други луѓе кои учат јазик и меѓусебно си помагаат. Најголема предност се курсевите. Можете да избирате меѓу 35 курсеви (бројка која постојано се зголемува), такашто ако сакате да научите јазик кој не е популарен, ви препорачуваме да ја посетите страната.

 

2. Buusu.com


Busuu исто како Livemocha претставува онлајн јазична заедница. За разлика од Livemocha, на Busuu постојат само шест курсеви: англиски, шпански, француски, италијански, германски, португалски и руски. И покрај тоа,  Busuu има одредени предности како што е на пример богатиот речник, едноставно учење и можност за користење кратенки.

3. Polyglot Club

Се` е кажано во описот на страната - ако сакате да научите нов јазик и да го споделите своето знаење со изворните говорници за да ги унапредите вашите јазични способности, ако сакате странски јазик, ако сте студент, вработен во меѓународна компанија, светски патник или едноставно сакате да откриете нова култура, тогаш вие ста на вистинското место.

4. BBC јазици

BBC на својата страна нуди одлични аудио и видео курсеви за учење на странски јазици како што се: француски, германски, шпански, италијански, грчки, португалски и кинески. Секако, тука е и англискиот јазик.

5. Youtube курсеви


На страната на Youtube можат да се пронајдат посебно создадени канали за брзо и едноставно учење на странските јазици. Најдобро „покриени“ се италијанскиот, францускиот, рускиот, арапскиот и шпанскиот, додека за останатите јазици треба да издвоите време за пребарување.

Преку поедноставени вежби во кои се комбинираат визуелните и граматичките елементи се забрзува процесот на учење и корисникот јасно согледува како функционира некој јазик. Со самот тоа тој го учи побрзо и поприродно.

Се` што треба да направите е удобно да се сместите во вашата фотелја и да започнете со пребарување на курсеви. Имајте на ум дека дел од курсевите кои ќе ги пронајдете на YouTube не се официјално сертификувани курсеви но ќе ви помогнат полесно да го научите јазикот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование