X
 17.05.2020 Живот

Француската подружница на ИКЕА обвинета за шпионирање на вработените и клиенти

Француската подружница на ИКЕА и 15 индивидуалци, меѓу кои и поранешни вработени и полициски службеници, се обвинети за шпионирање на своите вработени и на потрошувачите. Помеѓу обвинетите има и двајца извршни директори на подружницата во случај од 2012 година кога шведската компанија била обвинета за нелегално купување полициски документи.

Имено, компанијата била обвинета дека ѝ платила на полицијата за да добие информации за вработени што биле дел од работнички синдикати, како и клиенти со кои компанијата имала несогласување. Судските власти велат дека француската подружница платила за судски, полициски и банкарски детали од овие луѓе. Сите овие информации биле преземени од архивата на француската полиција, која ги следи имињата и личните информации на милиони криминалци, жртви, па дури и сведоци.


Фото: Pixabay

Помеѓу обвинетите се наоѓаат и четворица полициски службеници, поранешните директори на подружницата - Жан-Луис Бејо и Стефан Вановербек, како и поранешниот директор за финансии, Дариус Ришер.

Во четвртокот судот во Париз одлучил дека нема доволно докази за да се одржи судење.

Поради обвиненијата, француската подружница на ИКЕА отпушти четири лица и отвори внатрешна истрага. Компанијата има 34 продавници во Франција и вработува 10.000 луѓе.

Извор: theguardian.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот