На влезот во местото Михај Витеазу, во округот Муреш во Романија, се наоѓа замокот Халер - некогашна летна резиденција на едно од најзначајните благороднички семејства во Трансилванија.
Поранешниот аристократски имот сега се продава за 99.000 евра, цена пониска од онаа на многу двособни станови во главните градови.
Замокот, кој според податоците на „Сотбис интернешнл реалти“ потекнува од 16 век, бил во употреба како летна резиденција на грофовите од 16 до 19 век. Според приказните на локалното население, токму за таа намена служел низ вековите.
Имотот се простира на 535 квадратни метри, а со него доаѓа и земјиште од дури 30.800 квадратни метри. Имотот би можел да се обнови и да се претвори во аристократска резиденција, автентичен бутик-хотел, одморалиште или ексклузивен туристички комплекс.
По Втората светска војна замокот бил национализиран, а сè до 1989 година во него било седиштето на земјоделската задруга. По Револуцијата, целиот имот го купил локален земјоделец, кој, според наводите од огласот, во тој момент наводно не бил свесен за неговата вистинска вредност.
Извор:
Telegraf.rs
Фото:
Facebook