Збирката со државни менија неодамна понудена на аукција во Париз дава уникатен поглед во 150 години дипломатска и гастрономска историја.
Меѓу 4.000 менија што ќе бидат достапни за купување, најстарото е од царската вечера во 1868 година приредена од Наполеон III, извалкано со неколку капки вино. Менијата нудат увид во тоа што јаделе членовите на кралското семејство, државниците и диктаторите - од Џон Ф. Кенеди и Нелсон Мандела, Садам Хусеин и Владимир Путин, до раскошната трпеза во Версај за британскиот крал Чарлс Трети минатата година.
Во вредност од 10 до 1.500 евра по парче
Менијата опсесивно ги собирал Кристоф Маргин од Лион, кој ги ставил на аукција преку аукциската куќа „Милон“ и вредат од 10 до 1.500 евра. Некои од нив се испечатени на прекрасна свила, а онаа што се користи на државната вечера во чест на американскиот претседател Џими Картер има оригинална литографија од сликарот Марл Шагал.
Тие, исто така, укажуваат на комплицираната логистика за важните дипломатски моменти, како што беше одбележувањето на 70-годишнината од истоварувањето во Нормандија во 2014 година кога тогашниот претседател Франсоа Оланд мораше да брза од еден ручек со американскиот претседател Барак Обама на друг со Путин.
Обама за малку ќе предизвикаше дипломатски скандал
Откако уживаше во салата од син јастог и печна морска риба, Обама го измеша тајмингот и побара јадење со сирење што не беше на менито, што за малку ќе предизвикаше дипломатски инцидент.
Но, сето тоа не е ништо во споредба со оброкот за 23.000 локални градоначалници, одржан во 1900 година во градината Туилери, за кој биле потребни покривки долги седум километри, 125.000 чинии, 600 готвачи, 2.200 келнери, 1.200 литри мајонез и 39.000 шишиња вино.
Францускиот претседател најчесто го има последниот збор за менито, но тоа е приспособено на вкусовите на гостите. За време на една државна посета, на кралицата Елизабета Втора ѝ биле понудени два избора – со или без џигер од гуска – поради страв да не го навреди нејзиниот еколошки свесен наследник на тронот.
На кралицата очигледно не ѝ било многу важно бидејќи решила да го задржи месото на менито.
Извор:
Avaz.ba
Фото:
Wikipedia