Џон Ленон:
- Кога имав пет години, мајка ми ми рече дека среќата е клучот на животот. Кога тргнав на училиште, ме прашаа што сакам да бидам кога ќе пораснам. Напишав: „Среќен“. Ми рекоа дека не ја разбрав задачата, а јас им одговорив дека не го разбираат животот.
- Верувам во Бога, но не верувам дека тој е едно суштество, долгобрадест старец на небото. Верувам дека она што луѓето го нарекуваат Бог се наоѓа во сите нас. Верувам дека Исус, Мухамед, Буда и сите други биле во право. Погрешиле само луѓето што ги преведувале и толкувале нивните пораки.
- Нашето општество го водат растроени луѓе за чудни цели. Ми се чини дека нè водат манијаци за манијакални цели и ми се чини дека можат да ме отстранат под изговор дека сум луд затоа што го зборувам ова. Токму тоа е најлудото.
- Она што мораме да го направиме е да ја зачуваме надежта во животот. Бидејќи без неа ќе потонеме.
- Сè што ви треба е љубов.
- Ако некој мисли дека љубовта и мирот се клише што заостанало од 60-тите години, тогаш тоа е негов проблем. Љубовта и мирот се вечни.
- Пресметај ги твоите години по пријателите. Пресметај го твојот живот по насмевките, а не по солзите.
- Сонот што го сонуваш е само сон. Сонот што заедно го сонувате е реалност.
- Животот е она што ни се случува додека правиме планови за живот.
- Не треба никој да ти каже кој си или што си. Ти си она што си.
- Ако си уживал во потрошеното време, тогаш не е залудно
потрошено.
- Сите те сакаат кога си два метра под земјата.
- Среќа е она што го чувствуваш кога не се чувствуваш мизерно.
- Единственото нешто што никогаш не можеш да го сокриеш е богатството на душатa.