X
 23.02.2020 Живот

Цитати од извршниот директор на „Мајкрософт“ ја откриваат тајната на неговиот успех

Сатја Надела стана извршен директор на „Мајкрософт“ во 2014 година по заминувањето на Стив Балмер. Пред да стане извршен директор, Надела бил извршен потпретседател на одделот за претприемништво. Бил одговорен за платформите за пресметување, алатките за програмирање и други услуги за пресметување во облак во компанијата. Пред да влезе во „Мајкрософт“ во 1992 година, тој работел во „Сан мајкросистемс“.

Надела има диплома по електроинженерство од Универзитетот во Мангалуру, магистерска диплома по компјутерски науки од универзитетот во Висконсин, Милвоки, а подоцна завршил и магистерски студии по бизнис-администрација на Универзитетот во Чикаго. Во 2019 година Надела се најде на врвот на листата со најдобри бизнисмени на „Форчун“. Во продолжение се дадени некои од неговите најпопуларни цитати.


Фото: Facebook.com/Microsoft

- Нашата индустрија не почитува традиција. Почитува само иновација.

- Технологиите ќе дојдат и ќе си одат, па треба да бидете способни да одговорите на прашањето: Што правите како компанија, зошто постоите?

- Кога мислам на мојата кариера, моите успеси се засновани на учење од неуспесите.

- Поради успехот, луѓето може да ги заборават навиките што всушност ги направиле успешни.

- Приземен сум во нашите предизвици, впрочем, тоа е авантурата која ја создава компетитивната ревност во мене да создавам добри работи.

- Слушaјте ги вашите клиенти и вашите вработени, тие се најважни и го дефинираат вашиот бизнис.

- Мислам дека играњето крикет ме научи на повеќе работи за работата во тим и водењето, кои останаа со мене во текот на мојата кариера.

- Имајте страст и бидете храбри. Секогаш учете. Престанувате да правите корисни работи доколку не учите.

- Како јас го мерам мојот живот: Дали сум подобар во споредба со минатата година?

- Во следните 10 години ќе стигнеме до точка кога речиси сѐ ќе биде дигитализирано.


Фото: Facebook.com/Microsoft

- Слушањето беше најважната работа што ја постигнував секој ден бидејќи претставуваше основа за водењето во иднината.

- Нашите амбиции се храбри, а таква мора да биде и желбата за промена и еволуција на нашата култура.

- Се обновувате секој ден. Понекогаш сте успешни, понекогаш не сте, но просекот е важен.

- Мојот пристап е да водам со чувство за цел и гордост во она што го правиме, а не со завист и борбеност.

- Еден лидер мора да ги препознае надворешните можности и внатрешните способности и културата, како и сите врски помеѓу нив и да одговори на нив бидејќи тие стануваат очигледни делови од конвенционалната мудрост.

- Не сакам да водам стари битки. Сакам да најдам нови.

- Навистина верувам дека секој од нас мора да најде значење во својата работа. Најдобро се работи кога не се работи само заради обврските, туку заради нешто што ќе им го подобри животот на другите.

- Од тоа како се гледаш себеси зависи начинот на кој го водиш животот.

- Главната работа што мора да ја направиш како лидер е да ја зајакнеш самодовербата на луѓето што ги водиш.

Извор: Yourstory.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот