X
 04.03.2017 Живот

Така зборуваше Робин Вилијамс: „Кокаинот е начин на кој Бог ти кажува дека заработуваш премногу“

Генијалниот бард на комедијата замина, но зад себе остави неизбришлива трага на едно големо постоење: низ смеа, хумор, солзи, размисли... неговите зборови и мудрости сè уште се тука за нас.

1. Реалност: каков концепт!

2. Во животот добиваш само една искра на лудило. Не смееш да ја пропуштиш!

3. Ако навистина постои духовна поврзаност, тогаш зошто го бараме и телефонскиот број?

4. Некои луѓе велат дека Исус не бил Евреин. Се разбира дека бил. Триесетгодишен, самец, живеел со родителите, работел во фирмата на татко му, а мајка му го сметала за Божји дар. Мора да бил Евреин!

5. Никогаш не се тепајте со грди луѓе – тие немаат што да изгубат.

6. Кокаинот е начин на кој Бог ти кажува дека заработуваш премногу.

7. Ах, развод... тоа е стар латински збор за жена која ќе ти ги искорне гениталиите низ паричникот.

8. Дали сметате дека Бог понекогаш „дува“? Јас сум убеден во тоа. Погледнете ги само клунарите.

9. Крикетот во основа е бејзбол на валиум.

10. Русите ја сакаат Брук Шилдс затоа што нејзините веѓи ги потсетуваат на Леонид Брежњев.

11. Жената никогаш не би направила атомска бомба. Таа никогаш не би направила оружје за убивање, туку оружје кое ќе те направи да се чувствуваш лошо некое време.

12. Велат дека сатирата е мртва. Не е мртва; жива е и живее во Белата куќа!

13. Често ме прашуваат зошто снимам филмови за деца. Затоа што уживам да бидам Роберт де Ниро за деветгодишните.

14. Комедијата е глумење оптимизам.

15. Кога жените би владееле со светот, не би имало војни. Но, би имале мачни преговори на секои 28 дена.

16. Проблемот е во тоа што Бог на човекот му дал мозок и пенис, а доволно крв само за едното.

17. Правилно е она што останува откако претходно сè си направил погрешно.

18. Некои се родени големи. Некои ја постигнуваат големината. А некои ја добиваат како подарок за дипломска.

19. Таа не е совршена. Ти не си совршен. Прашањето е дали сте несовршени еден за друг.

20. Не е важно што велат луѓето – зборовите и идеите можат да го променат светот.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот