Понекогаш луѓето влегуваат во твојот живот и веднаш чувствуваш, знаеш дека треба да се тука, да послужат за некаква цел, да те научат некаква
лекција или да ти помогнат да сфатиш кој си и што сакаш да бидеш.
Никогаш не знаеш кои се тие луѓе: можеби цимерот, соседот, соработникот, долгогодишниот пријател, љубовникот, дури и комплетен странец, но кога ќе се погледнете очи в очи, во тој миг знаеш дека длабоко ќе влијае врз твојот живот.
И понекогаш ќе ти се случи нешто што на почетокот ќе сметаш дека е страшно, болно или неправедно, но по освестувањето за тие ситуации, ќе ја откриеш целта на преовладувањето со тие препреки. Затоа што ако тие не би се случиле, никогаш не би дознале за вашиот потенцијал, сила, волја или срце.
Сè се случува со причина. Ништо не се случува инцидентно. Болест, повреда, љубов, изгубени мигови на вистинската цел или вистински глупирања се случуваат за да ја тестираат границата на вашата душа. Без ваквите мали тестови, што и да се, животот би бил како мазен, поплочен, рамен пат кој не води никаде. Би било сигурно и безбедно, но и досадно и сосема бесмислено.
Луѓето со кои се среќавате и кои влијаат врз вашиот живот, и на успесите и на падовите што ги доживувате, ви помагаат да ја создадете личноста во која се претворате растејќи. Може многу да се научи од лошите искуства. Всушност, тие се изгледа најдлабоки и најважни.
Ако некој ве повреди, изневери или ви го скрши срцето, простете им затоа што ви помогнале да научите за довербата и важноста на претпазливоста кога некому го отвораш своето срце. Ако некој ве сака, сакајте го безусловно, не затоа што ве сака, туку затоа што на некој начин ве подучува како да сакате и како треба да ги отворите очите кон работите.
Дозволете секој ден да ви е важен! Уживајте во секој момент и сфатете дека ниту еден животен момент кој го преживувате никогаш нема да се повтори. Разговарајте со луѓето со кои никогаш претходно не сте разговарале и внимателно слушајте ги. Вљубете се, ослободете се и поставете ги своите цели високо.
Држете ја главата горе, имате право на тоа. Кажете си себе колку сте свои и имајте верба во себе, затоа што ако не веруваш во себе, тешко дека другите ќе веруваат во тебе. Можеш да го градиш својот живот како ќе посакаш. Создај го сопствениот живот и живеј го без двоумење.