X
 16.12.2015 Живот

Се продава чист, свеж, планински воздух

За луѓето во Кина, кадешто загадувањето на воздухот е едно од најлошите во светот, една од неопходните компоненти за живот, кислородот, стана луксуз кој треба да се плати.

 

 кина


Со зголемувањето на нивото на загадувањето, на луѓето сега им се наплаќа доколку сакаат да дишат чист воздух. Не само што во рестораните се наплаќа данок за „чист воздух“, туку сега се продава и „флаширан воздух“.

Кинеските медиуми информираат дека оние кои јадат во ресторани во Зангијаганг, провинција во Јиангсу, требало да платат еден јуан за да ги покријат трошоците за „прочистувањето“ на воздухот што го дишеле.

Иако наплаќањето предизвика некои легални прашања, па клиентите се доста изнервирани за нешто што е неопходно да се прави и за кое немаат избор. Сепак, некои тврдат дека повеќе претпочитаат да платат за чистиот воздух додека јадат, отколку да дишат загаден воздух.

 


Во меѓувреме, една канадска компанија дебело заработува од несреќите на луѓето со продажба на шишиња на чист, свеж, планински воздух. Звучи како доста голема глупост, но очигледно луѓето го купуваат за 28 долари.

Продажбите и тоа како се во пораст, а компанијата го рекламира воздухот како „врвен кислород“. Разбирливо е граѓаните особено оние со деца да сакаат да дишат чист воздух, но ова треба да биде на листата на приоритети на една земја.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот