X
 04.07.2023 Живот

Откриена годишната плата на принцот Вилијам - сумата била договорена пред 700 години

Неодамна беше објавен финансискиот извештај на британското кралско семејство во кој беше откриено колкава е годишната плата на принцот Вилијам.

Според извештајот, Вилијам добива годишна плата од речиси 7 милиони евра. Неговите приходи биле регулирани уште во 1337 година со Големата повелба на кралот Едвард III, со која кралот ги оставил приходите од Војводството Корнвол на својот најстар син и наследник. Накратко, пред 700 години титулата принц од Велс доаѓала со голема финансиска добивка, а така останало до ден-денес.

За да не испадне дека најважната титула на идниот крал се однесува на еден дел од Обединетото Кралство, Велс, а тој да зема плата од друго војводство, договорено е титулата војвода од Корнвол да оди под рака со титулата наследник на тронот. Платата се собира од годишниот нето-приход од имоти, инвестиции, како и од изнајмување имоти во сопственост на Круната од целото војводство. Истото правило важело и за кралот Чарлс кога бил принц.

Голем дел од трошоците на кралското семејство се покриваат од џебовите на даночните обврзници, а оваа давачка се нарекува државна поддршка. Минатата година им биле исплатени 86,3 милиони фунти, што значи дека кралското семејство го чини секој даночен обврзник 1,29 фунти годишно.

Но, само принцот од Велс има право на профитабилен приход од Војводството Корнвол. Принцот Вилијам на тој начин ги финансира животните трошоци на неговото семејство, неговата сопруга Кејт и нивните три деца: деветгодишниот Џорџ, осумгодишната Шарлот и петгодишниот Луис.

Извор: 6yka.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот