Дека еврејскиот народ е многу мудар, можеме да заклучиме од нивните поговорки и изреки. Ви ги пренесуваме најдобрите што не само што се мудри, туку се и хумористични.
- Ако некој проблем може да се реши со пари, тоа не е проблем, туку трошок.
- Плашете се од јарецот однапред, од коњот одназад, а од будалите од сите страни.
- Човек мора да живее барем поради љубопитност.
- Родителите ги учат децата да зборуваат, децата ги учат родителите да молчат.
- Јајцата можеби се попаметни од кокошките, но брзо се расипуваат.
- Потешко е добро да се молчи отколку добро да се зборува.
- Лошата жена е полоша од дождот: дождот те тера да влезеш во куќата, а жената те тера да излезеш од куќата.
- Ако животот не се промени на подобро, почекај, ќе се промени на полошо.
- Колку и да е слатка љубовта, нема да правиш џем од неа.
- Избирајќи меѓу две зла, песимистот ќе ги избере и двете.
- Сите се жалат на недостигот на пари, а никој на недостигот на мозок.
- Оние што немаат деца, добро ги воспитуваат.
- Искуство е зборот што луѓето го користат за своите грешки.
- Седа коса - знак за старост, а не за мудрост.
- Ако имате горчина во срцето, шеќерот во устата нема да ви помогне.
- Ако сакате да заборавите на вашите грижи на работа, облечете два броја помали чевли.
Извор
Фото: Freepik