Минатата недела бевме сведоци на повеќе светски приказни поврзани со абортусот. Американскиот врховен суд ќе гласа за поништување на одлуката за легализација на абортусот во целата земја, а во Хрватска, лекари
одбиваат да извршат абортус на трудница која носи бебе што има малиген тумор.
Во светот има 10 држави кои апсолутно го забрануваат абортусот, а тоа се Египет, Ирак, Филипини, Лаос, Сенегал, Никарагва, Ел Салвадор, Хондурас, Хаити и Доминиканска Република.
Уште триесетина други држави, меѓу кои и Бразил, Мексико, Венецуела, Иран, Авганистан и Мјанмар, дозволуваат абортус само доколку животот на мајката е доведен во опасност. Околу 40 отсто од жените во светот живеат во места каде што абортусот е нелегален или ограничен.
Минатата година во Полска имаше големи протести откако државата донесе одлука да го забрани абортусот кој се изведува поради проблеми со фетусот, што е една од најчестите причини зошто жените прават абортус во таа земја.
Фото: Freepik
Ел Салвадор има некои од најстрогите закони кога станува збор за абортусот. Процедурата е забранета од 1998 година, а оттогаш над 180 жени што нелегално направиле абортус биле осудени на затворска казна за тешко убиство.
Малта е единствената држава на Европската Унија која комплетно го забранува абортусот. Тој е нелегален дури и кога се во опасност животите на мајката и на детето. Жените што прават нелегален абортус во оваа земја се осудени на 3 години затвор.
Во Сенегал абортусот е забранет, но жените може да го направат доколку три доктори се согласат дека е потребен за да се спаси животот на мајката.
Обединетите Арапски Емирати го забрануваат абортусот освен доколку бременоста го загрозува животот на жената или ако има докази дека детето нема да преживее. Жените што нелегално прават абортус може да добијат казна затвор од 1 година и парична казна, а жените што бараат здравствена помош по спонтан абортус може да бидат обвинети за обид за абортус.
Филипинците не го менувале својот закон за абортус повеќе од 100 години. Според законот кој е во сила, абортусот е строго забранет. Поради тоа, околу 1.000 жени умираат од компликации во бременоста секоја година.
Извор:
Studentski
Насловна фотографија: Freepik