X
 09.02.2016 Образование

Како да учите математика? (прв дел)

matematika

 

Во пролетта 1929 година, американскиот училишен надзорник Френк Д.Бојнтон на неколку колеги и пријатели им ги испратил своите анализи од програмите за државните училишта во Америка. Неговата теза била дека секогаш постои притисок на наставната програма да се додадат нови предмети (часови посветени на безбедноста, здрaвјето, заштедата и слично), но никогаш нема предлог одреден елемент да се исфрли од програмата.


Тој својот текст го заклучува со предизвик: „Ве предизвикувам да исфрлите било што од материјалот“. Тоа ме потести на познатото Макендруово споредување на наставната програма на американските основни училишта со поткровјето на семејството Џонс, кое веќе 50 години ништо не исфрли од својот дом.

На Бојнтон му испратив долго писмо од осум страни, со мојот предлог што мислам дека треба да се исфрли од наставната програма. Цитирам два пасуси од тоа писмо:

„Пред се`, ми се чини дека во основните училишта премногу време губиме на работи кои треба да се изоставени или барем да ги одложиме додека не им станат потребни на децата. Јас од првите шест одделенија би ја отрфлил аритметиката. Можеби би оставил децата да вежбаат разменување на пари служејќи се со лажни пари. Кога дете од 11 години инаку ќе ја користи аритметиката?

Мислам дека е бесмислено 8 години децата да решаваат аритметички проблеми. Каква потреба едно 10 годишно дете би имало од делење? Целиот предмет аритметика би можел да се одложи до седмо одделение, а тогаш едно просечно дете би го совладал предметот за 2 години.

Откако го напишав писмото, сфатив дека не ја работам добро мојт работа ако она во кое верувам не се обидам да го спроведам. Во тоа време веќе 5 години бев училишен надзорник во Манчестер во Њу Хемпшир и веќе бев остро критикуван бидејќи практично ја протерав аритметичката програма од прво и второ одделение и првото одделение во трето одделение. Во 1924, годината на моето доаѓање на местото на училишен надзорник, во Манчестер имаше 20% првачиња отколку вторачиња, бидејќи 1/5 од децата го повторуваа прво одделение поради лошите оценки по аритметика. Успеав до 1929 година да го изедначам бројот на деца кои се запишаа во прво и трето одделение.

Освен ова, бев загрижен поради неспособноста на нашите деца математичките и другите проблеми да ги изразуваат на мајчин јазик. Децата со оригинални идеи беа беспомошни кога требаше да се преведе на доволно разбирлив англиски јазик. Еден ден посетив едно одделение од осмо во кое стенографот ги запишуваше одговорите на децата. Ги прашав децата со свои зборови да ми го објаснат случајот кога имаме две дропки со ист броител, оној кога помалиот именител е поголем. Ова се некои од типичните одговори.

„Помалиот број во дропките секогаш е најголем“.

„Ако двата броители се исти, а еден од именителите е помал, тој кој е помал е поголем“.

„Кога имате едно нешто и го поделите на делови, помалиот дел ќе биде поголем. Сакам да кажам дека оној кој може да се подели на најмали делови тие ќе бидат најголеми делови“.

„Именителот кој е најголем  е најмал“.

„Ако двата броители се со ист број, помалиот именител е најголем; поголем од оние два“.

Лаик би помисли дека овие одговори се на некои глупави деца, но ве уверувам дека ова е типичен обид едно американско дете од 14 години математичкиот израз да го опиши на свој јазик. И проблем не беа децата и нивните наставници, туку наставната програма. Ако програмата бараше децата да совладаат делење до крајот на четврто, а дропките до крајот на петто одделение - наставникот на овие задачи морал да посвети доста часови занемарувајќи го вежбањето на говорниот јазик. Истиот експеримент го изведов во училиштата во државите Индијана и Висконсин и ги добив истите резултати како во Њу Хемпшир.

Така во есента 1929 година, одлучив да го спроведам следниот експеримент: се` до седмо одделение децата воопшто нема да учат аритметика, туку прво ќе научат да читаат (read), спознавање (reason) и раскажување (recite) - тоа беа моите нови 3R. Под раскажување не мислев буквално повторување на зборовите на наставниците или лекциите од учебникот. Мислев на тоа дека треба да зборуваат на англиски јазик. Избрав пет одделенија - три од трето одделение, едно составено од ученици од трето и четврто одделение и едно од петто одделение.

Ги прашав наставниците дали се подготвени да го направат експериментот. Тоа беа млади наставници, со просечно четиригодишно искуство и со воодушевување ја прифатија моја идеја. Внимателно ги избирав, но уште повнимателно го избрав училиштето. Избрав округ во кој имаше родители чијшто англиски јазик не беше мајчин. Испратив известување до родителите во кое го објаснив претстојниот експеримент и од нив побарав да ме исконтактираат доколку имаат некакви приговори. Никој не се јави, а тоа и го очекував. Да изберев училиште во кое учеа деца чии родители имаа средно училиште или факултет, би бил бомбардиран со забелешки и мојот експеримент не би бил спроведен.

Децата од избраните одделенија беа охрабрувани со усно изразување. Со нив се разговараше за книгите кои ги прочитале, за различни случувања и посети, филмови и измислени приказни. Беше пријатно да се учи во тие одделенија. Децата беа задоволни и расположени, без притисок дека треба да ја научат таблицата за множење и да се борат со делењето. Навистина уживаа во во часовите поминати на училиште.

Пред крајот на училишната година повторно со стенографката ги поминав сите одделенија. Разликите беа неверојатни. Кога во традиционалните четврти одделенија од нив побарав да ми раскажат што читаа, децата се срамеа и не беа подгтовени. Во едно четврто одделение никој не се јави доброволно да одговори на прашањето, а кога станав едно дете, тоа одмавна со главата и повторно седна. Во четирите експериментални четврти одделенија децата веднаш сакаа да раскажат што читале. И кога ѕвончето ѕвонеше, десетина рачиња се`уште беа кренати и на тие деца им беше жал што не можевме да ги слушнеме.

Низ годините забележував дека раното воведување на аритметика во наставата ги отупува и ја спречува детската способност за расудување. Една задача секогаш им ја поставував на шесто, седмо и осмо одделение. „Ако преминам 100 јадри во минута, колку милји со истата брзина ќе поминам за еден час?“ Во 19 од 20 случаи одговорот беше 6.000 и ако покажев одобрување или ако се насмевнев, одделението задоволно ќе се опуштеше. Но ако речев: „Аха. Тоа значи дека оддалеченоста од тука до Сан Франциско и назад можам да ја преминам за само 1 час“, децата ќе почнеа збунето да се смешкаат.

Затоа на наставниците од експерименталните одделенија им дадов насоки нивните деца што повеќе во пракса да проценуваат висина, должина, површина, далечина итн. На крајот на училишната година ги посетив експерименталните одделенија, и на таблата нацртав груба мапа од западниот дел на езерото Онтарио, источниот дел на езерото Ири и реката Нијагара. Барав да погодат што нацртав и не се изненадив кога ја препознаа локацијата. Тогаш нацртав напречен пресек на водопад, со тврд слој на карпи во горниот дел и мек слој кој реката го нагризува во долниот дел. Тие ми кажаа што е тоа - камењата малку по малку паѓаат од работ. Ми опишаа како се одвива овој процес. Потоа им кажав дека во 1680 година, белците за прв пат ги виделе водопадите и тие се наоѓале околу 2.500 стапки пониско од денес. Ги прашав со која брзина водопадите се повлекуваат низводно. Овие деца, кои година дена немаа часови по аритметика, но учеа со размислување, ми одговорија дека поминале 250 години откако белците за прв пат ги виделе водопадите, што значи дека низводно се повлекува со брзина од десет стапки годишно.

Потоа им реков дека научниците утврдиле дека водопадите во прво време започнале кај Квинстаун, а сега Квинстаунн е 10 милји низводно и ги прашав колку години водопадите се повлекувале. Одговорија дека на водопадите им биле потребни 250 години да се повлечат околу 1 милја, што значи 500 години за милја, односно 5.000 години за сегашната оддалеченост од Квинстаун. На мапата нацртав да се гледа далечината од водопадите до Бафало отприлика два пати поголема отколку меѓу Квинстаун и Нијагарините водопади. Ги прашав децата дали можат да погодат колку време им е потребно на водопадите да се повлечат до Бафало и да го исушат езерото. Тие одговорија дека нема да се случи во следните 10.000 години. Кога ги прашав како тоа го пресметаа, ми одговорија дека мапата покажува дека Нијагарините водопади се оддалечени од Бафало 20-тина милји и дека е два пати поголема далечината од онаа меѓу Квинстаун и Нијагарините водопади.

Продолжува тука

Извор: „Journal of the National Education Association

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование