Кристофер Нолан имаше совршено патување како аутсајдер во Хиливуд. Со текот на времето, тој се претвори во еден од најистакнатите светски режисери. Почнувајќи од деби-филм направен за помалку од половина милион долари („Следење“), Нолан веднаш премина на креативниот „Мементо“. Од „Мементо“, Нолан се насочи кон „Несоница“ каде професионалците како Робин Вилијамс и Ал Пачино го препознаa неговиот талент и се согласиja да глумат во неговиот филм.
Токму вака се почнува нова кариера како режисер во подем. За нолан, следниот чекор беше изненадувачки потег: Воскресението на Брус Вејн во „Бетмен почнува“. Со „Престиж“, тој навистина почна да се етаблира како бренд и икона чии филмови изобилуваат со научна фантастика, неверојатни концепти и резолуции, со голем број познати актери исполнувајќи ја неговата визија. „Почеток“ и „Интерстелар“ дефинитивно го покажуваат неговиот врвен режисерски стил додека „Темниот витез“ ги револуционизира филмовите направени според стрипови. Да не го заборавиме и „Денкерк“, епски филм за Втората светска војна.
Наредниот филм на
Нолан е „Тенет“, чија премиера беше одложена поради пандемијата. Во моментот се очекува меѓународната премиера да биде на 26 август, додека на американскиот пазар да се најде на 3 септември. Во продолжение се сите филмови на Кристофер Нолан рангирани според томатометарот на „Ротен Томатос“.
Фото: Instagram
10. „Интерстелар“, 2014 година - Томатометар: 72%
9. „Престиж“, 2006 година - Томатометар: 76%
8. „Следење“, 1999 година - Томатометар: 81%
7. „Бетмен почнува“, 2005 година- Томатометар: 84%
6. „Почеток“, 2010 година - Томатометар: 87%
5. „Подемот на Темниот витез“, 2012 година - Томатометар: 87%
4. „Несоница“, 2002 година - Томатометар: 92 отсто
3. „Денкерк“, 2017 година - Томатометар: 92 отсто
2. „Мементо“, 2000 година - Томатометар: 93 отсто
1. „Темниот витез“, 2008 година - Томатометар: 94 отсто
Фото: Instagram