X
 17.11.2018 Култура

Дел од филмот „Боемска рапсодија“ што ќе ве остави без зборови

Филмот „Боемска рапсодија“, посветен на британската рок-група „Квин“ и на нејзиниот фронтмен Фреди Меркјури, веќе го освои светот. Преполните киносали уште во првите денови му донесоа милионска заработка на филмот.

А доколку го изгледате филмот, ќе сфатите и зошто е толку популарен. Рами Малек ја глуми главната улога и со само еден дел од филмот може да се види колку добро се снашол во неа.

Имено, на социјалните мрежи деновиве кружи видео кое всушност е споредба на две снимки - едната е од реален настап на „Квин“, а другата имитација на истиот настап во филмот. Тоа и не би било толку интересно доколку реалниот настап на „Квин“ не беше изимитиран до најситен детаљ. Секој потег на Фреди е совршено одглумен од страна на Рами.

Погледнете го видеото.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура