Руската софтверска компанија „Про32“ повика седумгодишен програмер да му се придружи на менаџерскиот тим веднаш штом ќе биде доволно возрасен за да почне со платена работа.
Сергеј од Санкт Петербург уште на петгодишна возраст објавувал видеа во кои објаснувал како се програмира. Врз основа на овие снимки, компанијата за информациска безбедност „Про32“ му испратила писмена понуда за работа на позицијата шеф на корпоративна обука.
Но, според рускиот закон, Сергеј не смее да работи платена работа до неговата 14. година. Сепак, извршниот директор на „Про32“, Игор Мадник, вели дека разговарал со родителите на Сергеј за да се најде начин за некаква соработка помеѓу него и компанијата.
- Неговиот татко Кирил беше изненаден и рече дека сите во семејството се среќни и едвај чекаат Сергеј да стане дел од компанијата - вели Мандик.
Во објавените видеа Сергеј на руски јазик, а понекогаш и на лош англиски јазик, ги поминува предизвиците за кодирање.
Втор Моцарт
Неговиот јутјуб-канал има повеќе од 3.500 претплатници, заинтересирани да ги научат програмските јазици „Питон“ и „Јунити“ или оние што сакаат да слушнат повеќе за невронските мрежи кои се во основата на многу алатки за вештачка интелигенција.
Мандик рече дека Сергеј покажал извонредни развојни и уникатни наставни вештини.
- За мене, тој е еден вид Моцарт. Сигурен сум дека кога ќе наполни 14 години, ќе биде гуру за едукација и развој. Треба да почекаме седум години, а потоа ќе разговараме за неговата плата - изјави Мандик.
Извор:
n1info.hr
Фото: Pixabay