Јас сум родител на две деца, син стар 7 години и ќерка - 4 години. Мојот син на 7 години веќе е второ одделение. На училиште го запишавме на 5 години и 9 месеци, но и останатите деца во класот се по 2 -3 месеца разлика. Материјалот солидно го совладува, веќе знае да чита и да пишува самостојно (математиката послабо му оди), не заостанува многу зад другите деца. Но имам проблем со тоа што воопшто не сака да комуницира со децата и учителката. На поставено прашање не дава одговор, исто така, не следи инструкции, едноставно си тера по свое и претежно молчи. Често заборава да каже што има за домашна. Се нервира ако погреши со домашната, му објаснувам дека е во ред да се погреши, да се обиде повторно, но бесцелно.
Често е љубоморен на својата сестра, ми вели дека неа повеќе ја сакам, дека ѝ кажувам браво, а нему не.
Ова е дел од читателско прашање упатено до психолозите и психотерапевти-соработници на
Деца.мк.
Одговорот на Билјана Манасова прочитајте го на овој
ЛИНК.