X
 19.12.2017 Живот

Омиленото прашање на Илон Маск што го поставува на интервју за работа?

Вработувањето во компанијата на амбициозниот Илон Маск е вистинско остварување на соништата за секоја личност. Меѓутоа, добивањето работно место во неговата компанија е комплицирано.

Илон Маск на Самитот на светската влада во Дубаи, во февруари 2017 година, објасни како еден кандидат би имал успешно интервју со него. Спојлер: не е лесно!

„Раскажете ми ја приказната за вашиот живот и одлуките што сте ги донеле и зошто сте ги донеле, како и најтешките проблеми на кои сте работеле и како сте ги решиле“, рече Маск додавајќи дека ова прашање е доста важно.

Според биографијата на Илон Маск, напишана од Ешли Венс, технолошкиот магнат има едно прашање што му го поставува на секој кандидат. За разлика од приказната за вашиот живот, ова е загатка:

„Стоите на површината на Земјата. Одите една милја јужно, една милја западно и една милја северно. Завршувате точно таму каде што сте започнале. Каде се наоѓате?“

Во продолжение откријте дали Илон Маск би ве вработил.

Одговорот на загатката

Постојат два точни одговори. Првиот точен одговор е Северниот Пол. Бидејќи Земјата е сфера, вашата прошетка од три милји би создала триаголник што би ве однел назад од каде што сте тргнале. Вториот точен одговор е една милја надвор и една милја во кружниот круг околу Јужниот Пол. Кога одите западно, ќе направите полн круг. Кога ќе одите северно, ќе се вратите назад од каде што сте почнале.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот