X
 27.01.2024 Економија

На Германија ќе ѝ фалат најмалку 280.000 медицински сестри до 2049 година

Поради стареењето на населението, Германија очекува да има значителен недостиг на медицински сестри, а процените покажуваат дека на земјата ќе ѝ бидат потребни од 280.000 до 690.000 дополнителни медицински сестри до 2049 година.

Германската статистичка агенција „Дестатис“ проценува дека во земјата ќе работат 2,15 милиони медицински сестри до 2049, во споредба со 1,62 милиони во 2019 година. Ова е зголемување за 33 отсто.

Агенцијата направила повеќе процени за потребата на медицински персонал до 2049 година. Во оптимистичко сценарио, на земјата ќе ѝ недостигаат 280.000 медицински сестри до 2049 година.

Според песимистичкото сценарио, на Германија ќе ѝ недостигаат 690.000 медицински сестри до 2049 година.

Поради потребата од медицински сестри, државата има програми за вработување медицински персонал од странство.

Извор: Schengen visa info
Насловна фотографија: Unsplash
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија