X
 04.05.2016 Живот

Вработен ја тужи компанијата поради досада на работа

Еден храбар Французин одлучил да ги тужи своите поранешни надредени бидејќи го присилиле на отказ со здодевност. Тој вели дека заболел од депресија поради работата, која му била многу здодевна и бара оштета од 150.000 евра.


Фредерик Деснард (44) е човек кому на работа му било толку здодевно што одлучил да ја тужи поранешната компанија - „Интерпарфумс“. Тој вели дека поради здодевност бил присилен да поднесе отказ, па сега од поранешниот работодавач бара речиси 150.000 евра оштета.

Деснард тврди дека работел само монотони задачи поради што полека започнел да „тоне во пекол“, а работата го правела депресивен, уништен и посрамотен, пишува „Мирор“.

Деснард пред судот раскажал како многу бргу по вработувањето бил лишен од сите обврски и должности се` додека не започнал да се чувствува како да не постои.

- Секој ден одев на работа со чувство на безнадежност. Кога стигнував на работа, најчесто започнував да плачам. Но, тоа никој не го забележуваше бидејќи никому не му беше грижа дали сум на работа или не - раскажува Французинот.

Жан Филипе Бенсан, адвокат на фирмата „Интерпарфумс“, вели дека Деснард никогаш не се пожалил дека му било здодевно и на тоа се темели целата одбрана.

Инаку, ова е втор ваков случај во Франција, а веројатно и во цела Европа. Првиот бил на Чарлс Симон, кој ја тужел националната железница бидејќи го пратиле на одмор кој бил платен и кој траел цели 12 години. Имено, компанијата целосно заборавила на него, а со неа се договорил надвор од судот.

Експертот за безбедност и здравје на работното место Жан Клод Делгенес објаснува дека ваквите случаи се појавуваат кога вработените чувствуваат дека се маргинализирани и дека немаат шанса за промоција.

- Се претпоставува дека околу 30% од Французите се несреќни на работа, а повеќето од нив сепак остануваат во своите компании поради страв од немање работа - изјавува Делгенес.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот