X
 24.07.2020 Живот

Поради карантинот, не можел да оди да се потстриже, па направил робот-фризер

Пандемијата на коронавирусот принуди огромен број луѓе да седат дома. Меѓу многуте проблеми што ги создаде оваа ситуација е и еден навидум банален - потстрижувањето.

Токму тој проблем инспирирал едно момче да си направи робот-фризер. Неговиот изум сè уште не е баш најуспешен, но е на добар пат да стане соодветна замена за вистински фризер.

При развојот на роботот се јавиле повеќе проблеми, на пример, како да се смисли роботот да изреагира на спонтаните поместувања на главата и на кој начин да се издвои делот од косата што треба да се исече.

Првобитно момчето смислило, но набрзо и го напуштило механизмот заснован на движењето на два чешли, а потоа го заменил со едноставно вшмукување и одделување на исечената коса.

Овој проект сè уште е во развој затоа што неговиот автор не го решил проблемот како да им се приближи на ушите, но најави дека ако почне со втора верзија, би работел на вградување тример, кој би можел да потстрижува и да прави невозможни фризури.



Извор и насловна фотографија: Nezavisne novine
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот