X
 15.06.2021 Култура

Kристен Стујарт за улогата на принцезата Дијана: „Не можам да престанам да размислувам за неа“

Кристен Стујарт, актерката која се прослави со улогата на Бела Свон во „Самрак“, ја глуми принцезата Дијана, мајката на принцовите Влијам и Хари, во филмот „Спенсер“.

Американската актерка, за која многумина се сомневаа дека може успешно да ја долови принцезата Дијана, изненади со фотографиите од сетот во кои неверојатно личи на неа.

Во неодамнешно интервју Кристен рече дека не може да престане да размислува за нејзината омилена принцеза, која беше позната по својата хуманитарна работа.

- За мене, оваа улога беше посебно искуство. Иако не пораснав во Англија, туку во Лос Анџелес, ме заинтригира. Не можам да престанам да размислувам за нејзиниот живот. Понекогаш размислувам што би рекла таа за она што денес се случува во светот - изјави 31-годишната Кристен, која откри дека гледала голем број снимки и интервјуа со покојната принцеза.

Филмот „Спенсер“ ги прикажува настаните во подоцнежната фаза од животот на Дијана, откако гледачите во серијата „Круната“ имаа можност да ја гледаат британската актерка Ема Корин во улога на Лејди Ди во текот на нејзината младост.

- Ема е неверојатна во нејзината улога, навистина е брилијантна. Може да биде горда на себе - изјави Кристен, која вели дека е воодушевена од серијата.

- Филмот се одвива во текот на три дена и е поетски одраз на она што таа би можела да го почувствува, а не изнесување на нови информации - изјави Стујарт додавајќи дека филмот нема некаква цел, туку на свој начин ја изразува својата наклонетост кон починатата принцеза.

Извор: Tportal.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура