X
 19.12.2022 Живот

Светското првенство го гледал на телевизор поставен во излог на продавница затоа што немал дома

Осумдесет и тригодишниот Аргентинец Карлос Бехар ги стопи срцата на интернет-корисниците откако на социјалните мрежи се прошири фотографија на која го гледа полуфиналето на Светското првенство против Хрватска на телевизор поставен во излог од продавница.

Случаен минувач го фотографирал Карлос во околината на Буенос Аирес како седи сам на столче, веднаш пред продавница за електроника, и внимателно го следи натпреварот кој заврши со победа на Аргентина.

Фотографијата набрзо станала вирална, а девојката која го објавила ја тагнала продавницата пишувајќи: „Мора да му купиме телевизор“.

Така започнала вистинска кампања.

Нејзината објава ја споделиле повеќе од 5.000 твитер-корисници, а потоа продавницата се вклучила во акцијата и одлучила на господинот да му подари телевизор.

Извор: 6yka.com
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот