X
 20.01.2016 Култура

Детски приказни кои треба да ги прочита секој политичар

Политичари и студенти со амбиции за влез во политиката, започнете од основите. Велат дека „треба многу храброст и големина да се знаат основите на светот“.

„The giving tree“ од Шел Силверстајн

Оваа приказна би ги потсетила политичарите дека земањето од некого го уништува тој човек. Приказната се фокусира на човештвото кое може да зема и зема од природата без притоа да размислува за својата околина.

„Stellaluna“ од Џенел Кенон

Оваа уникатна приказна е за бебе лилјак кое се губи од семејството и живее со семејство птици поради кои мора да живее според нивниот начин на живот. Во изминатата година, политичарите активно го дебатираа проблемот со имиграцијата. Оваа приказна ќе ги потсети сите нив дека принудувањето на луѓето да станат невидливи во поинакво општество не е најдобро нешто и сите може да се согласуваме и покрај нашите разлики.

„Oh, the places you'll go!“ од Д-р Сјус

Изминатата деценија беше полна со насилство и тероризам, поради што светот изгледа како темно и страшно место. Оваа приказна може да нè потсети дека има позитивни можности и дека самите мора да се движиме напред.

„Harold and the purple crayon“ од Крокет Џонсон

Во оваа приказна, Харолд користи магична боица за да ги решава своите проблеми. Во денешната политика, нема многу креативност во решавањето на проблемите. Политичарите мора да се потсетат дека некогаш, проблемите бараат уникатно и ново решение.

„Lorax“ од Д-р Сјус

Со оваа приказна авторот ги предупредува политичарите дека фабриките и компаниите може да ја уништат околината со својата моќ и алчност.

„Winnie the Pooh“ од А.А.Милн

Во сите авантури на мечето, тоа и неговите пријатели го покажуваат значењето на пријателството и лојалноста. Политиката е полна со корупција и предавства, за жал.

„The secret garden“ од Френсис Х. Барнет

Приказната нуди повеќе лекции, особено една за значењето на семејството и среќата, кои може да се пронајдат и кога изгледа дека се загубени.

„Пипи Долгиот Чорап“ од Астрид Линдгрен

Главната улога во оваа шведска приказна покажува дека е важно да не се суди некому кој доаѓа од различна околина. Политичарите може да научат многу од секого.

„Пајажината на Клементина“ од Е.Б.Вајт


Оваа приказна може да ги научи политичарите дека дури и најмалиот глас може да направи нешто неверојатно. Честопати, политичарите ги слушаат само најгласните звуци.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура