X
 28.03.2023 Политика

Фински политичари водат изборна кампања со рап-песни

Двајца политичари од Финска се сетиле на иновативен начин да ги испратат нивните пораки до потенцијалните гласачи пред претстојните избори, на 2 април. Јохан Кварнстром и Кол Томас објавиле видеа од рап-песни во кои ги презентираат своите планови за владеење.

Кванстром е член на парламентот на Норвешка како претставник на Социјално-демократската партија. Во својата песна тој рапува за климатските цели на земјата, образованието, еднаквоста, поддршката за Украина и „стопирање на ракетите на Путин“.


Песната веќе поттикнала позитивни реакции, а премиерката на Финска, Сана Марин, го споделила видеото на социјалните мрежи.

Од друга страна, кандидатот на Зелената лига, Кол Томас, не рапува во својата песна, туку му го остава рапувањето на пејачот Калум Барет. Во нивната песна тие покриваат проблеми за околината, изградба на тунел од Хелсинки до Талин, нуклеарна енергија, обновлива енергија, инвестиции во образованието и зголемување на активноста на младите жители.



Во песната, Томас најавува легализација и оданочувањето на канабисот во Финска. Поголемиот дел од реакциите на песната на Томас досега се позитивни.

Извор: Euronews
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика