„Светот мора да се едуцира за вредностите на емоциите и вештините со нивно мудро користење. Би сакал сите да постанеме научници за емоции. Мораме да бидеме истражувачки на своите и туѓите емоции како помогнале во остварување на целите и подобрување на животот“
Автор: Проф. д-р Љупчо Кеверески
Познато е дека индивидуалниот и организацискиот раст и развој е императивна потреба на поединецот и организациите. Со цел тие што поуспешно да одговорат на новите предизивици е неопходно да го развиваат и менуваат својот едукациски потенцијал. Со тоа доаѓаме до базичниот концеп кој го нарекуваме: Едукација во криза, наместо криза во едукацијата. Тоа посебно се однесува на грижата за јакнење на психолошкиот имунитет и емоционалниот развој на поединците.
Неоспорен е фактот дека денес емоционалната интелигенција, емоционалниот живот, емоциите постануваат фундаментални обележја во услови на криза. Нејзините Големанови атрибути (самосвест, самомотивација, самоконтрола, емпатија и социјални вештини) претставуваат футуристички ориентир за тоа каде треба светот да се движи во наредните години. Овие факти со во согласност на мисијата на Марк Бракет, директор на Центарот за емоционална интелигенција на Универзитетот Јеил во која се тврди: „Светот мора да се едуцира за вредностите на емоциите и вештините со нивно мудро користење. Би сакал сите да постанеме научници за емоции. Мораме да бидеме истражувачки на своите и туѓите емоции како помогнале во остварување на целите и подобрување на животот“.
Овој напис ќе го продолжиме со тврдењата дека: светот треба да ја врати снагата на емпатијата, емаптијата може да направи психолошка ревитализација на светот, грижата за себе преку грижа за другите не е цел туку потреба и многу други. Со тоа би сакале да го предизвикаме општествениот, институционалниот и индивидуаниот сензибилитет за тоа дека секој треба да се менува на свој начин за доброто на сите. Но, не само на когнитивно, туку и на ефактивно и друго ниво со своето размислување, делување и функционирање.
Овој вовед е всушност вовед во навесување на широка масовна едукативна акција на Интернационалниот центар за емоционална интелигенција (ИЦЕИ) - Охрид според самомотивациски интро (САМОТИН) концепт како императивна потреба за себе и другите во времето во кое живееме и во времето во кое треба да живееме.
Магијата на позитивната енергија
Нашето секојдневно живеење и работење е исполнето со лица и луѓе од кои со нивната вербална и невербална експресија и присуство чувствуваме ПОЗИТИВНИ ЕНЕРГЕТСКИ ВИБРАЦИИ од кои ние се чувствуваме пријатно, среќно и релаксирано. Како да ги привлечеме?
Но, сведоци сме кога на работното место, поблиското или подалечното семејно окружување, нашето дружење со пријателите се среќаваме со лица кои го загрозуваат нашиот психолошки-имунолошки систем со секојдневното емитување на НЕГАТИВНИ ЕНЕРГЕТСКИ ВИБРАЦИИ. Како да се (од)браниме од нив?
Како да го постигнете тоа? Тоа се овозможува со програма со која моќта на позитивната енергија ви ги „враќа во живот'', сите ваши неостварени желби, посакувани цели, непреспиени ноќи, неуспешни обиди за вашите планови, изгубената емоционална енергетска сила, лични и професионални падови и многу други. И нашиот емоционален живот е уникатен и неповратлив од него зависи сè. Од тие причини ИЦЕИ - Охрид организира обуки/вебирнари со еминентни екпсерти од различни научни области.
Oбука/Вебинар 2. Емоционалната интелигенција и женското лидерство (23.01.2021 Сити Палас, Охрид)
МОДЕРАТОР: Проф. д-р Љупчо Кеверески, Национален координатор на Интернационалното здружение за Емоционална интелигенција, Њујорк САД, (International Society for Emotional Intelligence, Inc. (ISEI) New York, USA) тема: Психолошкиот профил на жените лидери
Проф. д-р Бисера Карановиќ, Продекан Висока пословна школа, ПАР, Риека, Р. Хрватска, тема:
М-р Корез Иванка, Директор ОУ Цирковце, Р. Словенија, тема: Женското лидерство во Р. Словенија
Проф. Д-р Константин Петковски, Хајделбер Институт, Скопје, тема: Феноменот на лидерството
Актуелизацијата на проблематиката на „Жените во деловниот свет”, како и потребата за „комплементарно машко-женско визионерство во деловниот свет”, се вистински воведни импулси за ПОКАНА за ПОТТИКНУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА ВАШИТЕ ТАЛЕНТИ и вклучете се со вашето искуство, знење, компетентност во функција на повисоки лични и професионални успеси како императив на индивидуалниот и организацискиот раст и развој, преку одговорите за многуте дилеми во следните области: Прашања и одговори.
• Дали продолжува маргинализацијата на женскатол лидерство?
• Кои се карактеристиките на психолошкиот профил на жените лидери?
• Како до баланс помеѓу професијата и домот?
• Дали е потребна редефиниција на моќта и поимот лидерството?
• Дали интуитивноста на женската лидерство е моќниот екстракт?
• Дали се уште е присутно стереотипното поимање за нивната улога?
• Колку жените со нетрпение чекаат прилика на отворената лидерска сцена?
• Дали знакот СТОП за жените лидери (не) (е) пробивен?
• Дали е потребна ревизија на современата организациска доктрина?
• Дали владее супериорноста на “светот на машките лидери?
• Колку се видливи аспирациите на женската лидерска сенка?
• Кои се 21 век "би го обележале жените и нивните деловни успеси".
• Се руши ли митот и филозофијата на секојдневието за машко-женскиот свет?
• Останува да видиме.
Емпатијата во криза, криза во емпатијата
Секојдневните турбулентни промени во микро и макро контекстуалното окружување придонесуваат личноста експлицитно да го репрограмира своето однесување со цел да се постигне (по) ефикасен одговор на секодневните предизвици. Потребата да се постигне поголема лична и организациска ефикасност во извршувањето на семејните и професионалните обврски и задачи претставува императивна тенденција. Се почесто кај секој од нас се поставува прашањето за влијанието на фактори кои доведуваат до успех на работното место. Повеќе од 25 години опсежните истражувања на темата за ефикасноста во работењето донекаде дадоа појасни објаснувања околу влијанието на поимите интелигенција, способностите и личноста врз професионалниот успех. Стручњаците (психолози, менаџери за човечките потенцијали) мораат да пронајдат начини за зајакнување и развој на оние таленти кои се идентифицирании означени како ,,soft skills'', односно компоненти на емоционалната интелигенција.
Oбука/Вебинар 3. Емпатијата во криза, криза во емпатијата (30.01.2021 Сити Палас, Охрид)
МОДЕРАТОР: Проф. д-р Љупчо Кеверески, Национален координатор на Интернационалното здружение за Емоционална интелигенција, Њујорк САД, (International Society for Emotional Intelligence, Inc. (ISEI) New York, USA) Тема: Емпатијата во криза, криза во емпатијата
Проф. д-р Кирил Барбареев, УГД-Штип, Тема: Развој на емпатијата во предучилишен период
Проф. Д-р Љилјана Крнета, Здружение ,,Заедно во Европа, Бања Лука Р. Босна и Херцеговина', Тема: Емоционалната интелигенција во новите предизвици
Проф. д-р Mарија Димоска Котеска, Тема: Емпатијата како интегрална компонента на емоционалната интелигеција и лидерството.
Очекуваме овој тренд на онлајн едукација и дружење поради големиот интерес за унапредување и зачувување на менталното здравје да постане реална потреба. Со тоа ќе се задоволат барањата на се поголем број на заинтересирани лица од различни сфери на нашето живеење.
По овој спектар на вебинари следуваат следните теми: „Емоционалната интелигенција и работата“, „Емоционалната интелигенција во образованието“, „Kако да го зајакнете вашиот психолошки имунитет?“, „Фактори на емоционалната енергија“, „Интуацијата- психологија на успехот на свој начин“, „Односот кон луѓето со нулта емпатија“, „Развој на самодовербата за себе“, „Основите на социо-емоционалното учење“, „Значењето на сегашниот момент“ и други.